7.8 C
Скопје
07:08 - 3 мај, 2026

Експерт за говор на тело открива што се случува помеѓу Бен Афлек и неговата поранешна сопруга

Холивудскиот актер Бен Афлек, кој веќе неколку месеци не живее со сопругата Џенифер Лопез, и кој е преселен во изнајмена куќа во Брентвуд, повторно покажува нежност кон својот поранешната сопруга Џенифер Гарнер. Како што пишува Дејли мејл, Афлек се чувствува најудобно кога е покрај мајката на неговите три деца, што го потврди и експертот за говор на тело Џуди Џејмс во интервју за Дејли мејл.

Неодамна, поранешната двојка заедно со нивните деца биле на вечера во Њу Хевн, за да прослават за 18-годишната Виолет која поаѓа на факултет. На папарацо фотографиите, погледот на Гарнер кон Афлек, според експертот за говор на тело, бил многу топол и нежен.

Парот кој се раздели во 2015 година по 10 години брак, успеа да одржи блиска врска. Иако, своевремено Афлек јавно изјавил дека ако останел со поранешната сопруга, ќе испиел се прд него, што многу ги вознемирило неговите обожаватели. Потсетуваме дека токму Гарнер му помогна на Афлек да се избори со алкохолизмот. Во меѓувреме, Гарнер сега е вљубена во своето момче, бизнисменот Џон Милер, со кој се забавува шест години, а американските медиуми шпекулираат и дека ќе се омажи за него.

Сепак, Бен често се среќава со Џенифер Гарнер. Експертката за говор на тело Џуди Џејмс смета дека тоа е неговиот начин да се избега од проблемите во бракот со Џнифер Лопез.

„Изгледа дека Бен се засолни овде, привлечен од она што може да изгледа како безбедно, познато засолниште кај неговата поранешна сопруга и неговите деца, додека неговите сегашни брачни проблеми исчезнуваат околу него. Ова е вообичаено однесување за некој кој има проблеми во вториот брак. Старото семејство одеднаш може да се почувствува како утеха“, вели експертката за говор на тело.

Анализирајќи го однесувањето на Гарнер, таа забележа дека „испраќа сигнали на одобрување, па дури и гордост за нејзиниот поранешен сопруг што е покрај неа“.

„Се чини дека Џенифер размислува на ист начин како Бен, што сугерира дека тие формираат единствена врска како родители. Нивниот говор на телото покажува голма посветеност еден на друг, и на децата “, нагласува Џуди.

 

 

Слични објави

Три најсреќни датуми за секој хороскопски знак во мај

Т.Ц.

Без филтер и ретуширање: Шерон Стоун во бикини ја покажа линијата со која им пркоси на годините

Т.Ц.

(Фото) Во Villa Diva секоја прослава добива своја приказна

Еспресо

Голем месечен хороскоп за мај: Биковите ги очекува успех, Близнаците љубов…

Т.Ц.

Го заборавиле Драган Бјелогрлиќ во рудник, се сетиле на него дури кога стигнале во хотелот – хит анегдота од снимањето на „Сенки над Балканот“

Т.Ц.

На 17 години го испеа хитот „Дојди во пет до пет“, а потоа поради војната избега од Сараево – каде ја однесе животот Јасна Госпиќ?

Т.Ц.
Се вчитува....