27.8 C
Скопје
22:02 - 24 август, 2026

Екс сопругата на Кевин Костнер незаситна: „129.000 долари не се доволни за децата“

Дизајнерката Кристин Баумгартнер (49) е упорна во својот план да добие што повеќе пари од својот поранешен сопруг, актерот Кевин Костнер (68).

Кристин ги смета понудените 129.000 долари месечно за недоволни, па побарала сумата да се зголеми на околу 175.000 долари. Дизајнерката сака „децата да можат да уживаат во истиот начин на живот како кога биле со двајцата родители“.

Таа изјави дека нивните четири деца живеат со нивниот татко во замок на плажа, чија вредност се проценува помеѓу 65 и 95 милиони долари. А одат и на луксузни патувања со Кевин со приватен авион, што таа – од друга страна – не може да им го дозволи истото задоволство со „ситната“ алиментација.

– Потребна е поголема алиментација за да можат децата да одат на слични одмори кога се со неа, а тоа е исправно дури и ако исплатата за алиментација го подобруваат животниот стил на Кристин – стоело во барањето на адвокатот на дизајнерката.

Кристин вели дека тоа е едноставно стандардот што го бара Законот за семејство во Калифорнија. Таа додаде дека и со поголема сума нема да може да живее луксузно како што живее Кевин, но дека барем децата ќе бидат блиску до стандардот на нивниот татко.

Таа откри и колку заработува Кевин. Имено, актерот во последните две години секој месец заработувал повеќе од 1,6 милиони долари.

Дизајнерката моментално бара нов дом, а наводно планира да изнајми куќа во Монтесито за 40.000 долари месечно.

– За разлика од комплексот на Кевин за плажа, куќата што планирам да ја изнајмам се наоѓа веднаш до автопатот. Нема пристап до плажата, ниту растојанието до плажата е за одење пеш, а нема ни живописен поглед – се пожали Кристин.

Слични објави

(Фото) Поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ позираше со 19 години помладата сопруга: Таа е ќерка на пребогат Турчин

Еспресо

(Фото) Специјално изненадување од Слаткар за Каролина во Битола: „Златен си!“

Еспресо

(Фото) Некои грешки со задоволство би ги повторил пак: Драган Спасов-Дац откри што би му кажал на младиот Дац

Еспресо

Во спомен на мајка ѝ: „Сакам времето да не го избрише она што го остави зад себе“

Еспресо

Нада Обриќ: Го тешев сопругот кога имаше проблеми со љубовницата

Е.А.

На Десислава Радева очигледно многу ѝ се бендисува стилот на Меланија Трамп, па често се инспирира од модните комбинации на словенечката манекенка

Еспресо
Се вчитува....