13:15 - 7 ноември, 2026

„Два часа се гушкавме и плачевме“: Пејачката Сека Алексиќ прв пат проговори за средбата со билошкиот татко со кој долго немала контакт

Пејачката Сека Алексиќ отворено зборуваше за тешкото детство, а малкумина знаат дека со својот татко со години не била во добри односи. На гостувањето во емисијата „На терапија со Славица Ѓукиќ Дејановиќ“, Сека се расплака додека зборувала за детството и покојниот татко.

„За време на војната целосно го прекинавме контактот. Очувот ме учеше историја, тоа никогаш нема да го заборавам – тој чита наглас, а јас треба да запаметам додека размислувам што ќе облечам вечерта. Но, тој толку многу се трудеше за мене. Учењето историја, српски, германски … Тој навистина се трудеше и верувајте ми, имав толку силен впечаток дека тој е мојот татко, мој заштитник, тој маж кој ми недостигаше низ целото детство, а и денес. Тој тоа делумно го надомести, навистина, но клучната работа во сето тоа беше мајка ми, која секогаш зборуваше дека мојот татко е најдобар, дека е прекрасен човек и дека не е добар само кога ќе испие, но дека тоа не го прави лош човек, туку е малку строга природа. Мајка ми никогаш не кажа ништо лошо за татко ми и секогаш ме учеше дека татко е татко и дека никој друг не може да биде татко“, се присети пејачката.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....