0.8 C
Скопје
17:33 - 22 декември, 2024

Драматичниот живот на Ен Хеч: сексуална злоупотреба од татко ѝ, смртта на двете сестри и братот, хоспитализација во психијатриска болница…

Ен Хеч, актерката која во последните неколку часа заврши во центарот на вестите поради страшна сообраќајна несреќа, немала лесен живот зад себе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

Драмата што ја доживува во овие часови е само дел од тешкотиите со кои жената морала да се соочи во животот и кои ги раскажала во својата книга „Наречи ме луда“. Актерката откри дека била сексуално злоставувана од нејзиниот татко Доналд кога била дете и дека морала да се справи со смртта на двете сестри и братот.

Нејзиниот татко Доналд, прикриен хомосексуалец, сексуално ја малтретирал кога таа била само дете и починал од СИДА кога имала 14 години. Истата година во сообраќајна несреќа загина и нејзиниот брат Нејт. Пред Нејт, Ен ја изгубила својата сестра Синтија, која починала како дете од срцев проблем. Неколку години подоцна, во 2006 година, актерката ја загуби и својата сестра Сузан од рак на мозокот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anne Heche (@anneheche)

Лекување во психијатриска болница

Во 2000 година, Ен Хеч била примена во психијатриска болница откако влегла во дом на странец под дејство на екстази. Жената се соочила со психички проблеми кои се покажало дека се предизвикани од малтретирањето кое го трпела како дете.

Хеч објасни дека создала свет на фантазија во нејзиниот ум за да може да ги одврати тие спомени и да се чувствува заштитено.

Во интервју за ABC News таа призна дека во тоа време: „Се опивав, пушев марихуана, земав дрога. Имав различен секс со различни луѓе. Направив се за да се ослободам од срамот… Не сум луда, но тоа е луд живот. Пораснав со лудо семејство и поминав 31 година за да се ослободам од лудилото “.

Од сентиментална гледна точка, Ен Хече никогаш не криела дека е бисексуалка. По две години врска со актерот Стив Мартин, помеѓу 1997 и 2000 година таа беше во врска со актерката и ТВ водителка Елен Деџенерис. Врска која ѝ овозможи да ја зголеми популарноста, но и предизвика многу проблеми во холивудскиот свет.

„Не сум снимала голем  филм 10 години. Ме избркаа од договорите и никогаш немав пак шанса да снимам“, изјави таа во едно интервју.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anne Heche (@anneheche)

Во 2001 година се омажи за камерманот Коли Лафон, со кого го доби синот Хомер, а од кого се раздели во 2007 година. Истата година влезе во врска со актерот Џејмс Тапер од кого го доби второто дете, Атлас, во 2009. Парот се раздели во 2018 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)

Врската со Елен

Ен и Елен имаа долга врска, но кон крајот на 90-тите, нивната врска не беше прифатена од филмските продуценти кои сакаа да ја трансформираат Хеч во вистинска ѕвезда на моментот.

Кога Хеч откри дека сака да ја земе со себе партнерката (Елен) на црвениот тепих, директорите на Фокс реагираа толку лошо што ѝ рекоа или да се откаже од присуството на Деџенерис или во спротивно ќе ги загуби своите повеќемилионски договори.

„Кога открив дека ја сакам Елен покрај мене на црвениот тепих, ми рекоа дека ќе го загубам договорот за работа“, откри Хеч во едно интервју. “Елен беше многу претпазлива, не сакаше да ризикувам, ме фати за рака и ми рече да го правам тоа што го бараат од мене. Но, јас решив да не го правам тоа. Мојот приватен живот мислев дека нема да влијае на мојата кариера”.

По оваа приказна, Хеч првично ја загуби главната улога во „Шест дена, седум ноќи“. По голема интервенција на Харисон Форд таа се врати, но само накратко, на сетот. Сепак, сигурно е дека по оваа приказна кариерата на актерката беше непоправливо компромитирана и со исклучок на „Време за одлучување“, снимен веднаш потоа, Хеч никогаш не доби друга главна улога во игран филм.

„Среќна е што остана жива“: сè за страшната несреќа на Ен Хеч

 

Слични објави

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....