18:08 - 10 ноември, 2026

Драгана Мирковиќ разочарана од поранешниот сопруг: „Тони не сакаше да даде пари, рече дека тоа е моја одлука“

Фолк-ѕвездата Драгана Мирковиќ отворено прозборе за некогашните несложувања и разминувања со поранешниот сопруг Тони Бијелиќ, откривајќи непознати детали за финансирањето на нејзината голема хуманитарна турнеја. Познатата пејачка истакна дека во тие моменти сите расположливи пари ги насочила кон донации за детските домови низ регионот, но дека од Тони немала никаква поддршка.

Мирковиќ објасни дека нејзиниот поранешен сопруг одбил да учествува во финансирањето на овие хуманитарни активности, сметајќи ги за нејзин личен избор:

„Моментално немам пари, сè отиде за хуманитарните концерти и тоа лесно се докажува. Кешот во тој период ми беше мисловна именка. Никој не ми помагаше, ниту Тони. Тој сметаше дека тоа е моја лична одлука да пеам хуманитарно. Мажите тука се малку поладни. Сепак, тоа ништо не промени — јас кажав дека така ќе биде и така беше“.

По разводот од бизнисменот по 24 години брак, животот на пејачката целосно се промени, а најголема поддршка во велелепниот дворец ѝ се нејзините деца, синот Марко и ќерката Мануела, кои одлучија да живеат заедно со неа.

Слични објави

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.
Се вчитува....