19.3 C
Скопје
23:40 - 19 јуни, 2026

Драган Маринковиќ Маца ѝ се обрати на 20 години помладата сопруга: „Изборот на партнер е сериозен тест на интелигенцијата“

Српскиот водител и актер Драган Маринковиќ Маца (57) објави фотографија од својата сопруга Јована, придружена со духовит коментар за изборот на партнер. Иако таа ретко се појавува во јавност, нивната љубовна приказна често го привлекува вниманието.

Во објавата на Инстаграм, Маца ја покажа Јована во црвена маица и маска како „жена-мачка“, со опис: „Изборот на партнер е сериозен тест на интелигенцијата… А ова е мојот избор“.


Иако меѓу нив постои значителна разлика во години, Маца и Јована се пример дека вистинската љубов не познава пречки. Тој претходно открил дека често „намерно шетал“ за да ја „случи“ средбата со Јована, а нивното запознавање брзо прераснало во сериозна врска.

Парот стапил во брак само неколку месеци по почетокот на забавувањето.

„Почнавме да се забавуваме на 8 септември, а веќе на 14 јануари се венчавме. На нејзиниот роденден ја изненадив – ѝ значеше тој документ,“ изјави Маца во емисијата „Магазин Ин“.

Маца нагласува дека Јована одлично се разбира со неговите синови и дека и двајцата имаат желба да станат родители. И покрај тешката загуба со која се соочиле, нивната надеж останува силна.

„Јована прекрасно се сложува со нив. Таа заслужува да има деца. Имавме една тешка ситуација, но верувам дека ќе ни подари Бог да се оствариме како родители. Јас би сакал двесет деца, никој нема да биде гладен. Мојата најголема желба е да имаме 11 деца – фудбалски тим, да живееме во хациенда. Нас 13 на трпеза,“ рече тој.

Слични објави

„Кариерата ѝ назадуваше, тоа ѝ влијаеше на психата“ – другарот на Мина Костиќ откри што се случува со пејачката

E.A.

(Фото) Дани на две романтични патувања со сопругот — од дождливата Прага на море

Еспресо

(Фото) Српската џетсетерка на исто место со кралот Чарлс и кралицата Камила: На себе носи ѓердан од 12.000 евра

Еспресо

(Видео) „Михаела“, нова балада на Влатко и Златко Миладиновски, инспирирана од вистинска приказна

msp-admin

Маја Шупут откри дали новата песна е посветена на Шиме

Еспресо

Откриено колку пари се вложени во Јаков Јозиновиќ: Пејачот зема убава сума, а менаџерите „дебело“ заработуваат

Еспресо
Се вчитува....