05:26 - 26 март, 2026

Донесете пролетни вкусови на трпезата со печурки полнети со спанаќ и сирење

Комбинацијата од спанаќ, сирење и печурки создава лесен и ароматичен пролетен залак. Ова едноставно, но многу вкусно јадење е идеално за освежување на трпезата во пресрет на пролетта.
Еве што ќе ви биде потребно:

Состојки:
– 20 шампињони
– половина килограм свеж спанаќ
– еден млад лук
– 220 грама сирење
– сол, бибер
– 1/4 шолја пармезан
– 1/4 шолја презла

Подготовка:
Измијте ги шампињоните и одвојте ги стебленцата од капите. Наредете ги капите на подмачкан со плех за печење, а стебленцата од шампињоните ситно исечкајте ги и испржете ги во тава на не многу висока температура.

Исечканите стебленца пржете ги со лукот, а потоа додајте ги спанаќот, сирењето, солта и биберот.

Кога состојките убаво ќе се испржат и соединат, земете една лажица од добиената смеса и наполнете ги капите од печурките.

Наполнетите печурки посипете ги со презлата и со пармезанот, а потоа печете ги на 190 степени околу 12 до 15 минути.

Уживајте во овој едноставен, а превкусен рецепт.

Слични објави

(Фото) Парите само си течат: Откриено од што заработува 10 години постарото момче на Уна Чолиќ

Еспресо

„Денес се големи ѕвезди а живеат од мои песни“: Ша „удри“ по колегите

Е.А.

Вистинската приказна зад филмот „Грешници“ – еден од главните ликови навистина постоел, а неговиот живот и смртта и денес се мистерија

Еспресо

Мина Наумовиќ не се враќа во „Амиџи шоу“: Откриено зошто не сака да соработува со сопругот

Е.А.

(Видео) „За нашиот Маринко“: Огњен Амиџиќ ја исполни големата желба со нова песна – се слуша и гласот на Маџгаљ

Еспресо

Како настанала песната „Загрли ме“ на Здравко Чолиќ? Се појави снимка со Арсен Дедиќ од пред половина век

Еспресо
Се вчитува....