11.8 C
Скопје
19:43 - 17 октомври, 2026

Дино Мерлин ме научи за емоцијата: Слаткаристика со поддршка за репрезентацијата на БиХ

Марко Маринковиќ-Слаткаристика предизвика силни емоции во регионот со својата последна објава на социјалните мрежи.

На фотографијата, тој позира во Скопје пред македонските знамиња, облечен во фудбалски дрес на репрезентацијата на Босна и Херцеговина со неговото уметничко име испишано на грбот.

Слаткар  упати директна поддршка до босанската репрезентација, евоцирајќи спомени од детството, но и набројувајќи ги музичките легенди од БиХ кои влијаеле врз неговата кариера.

„Почитувана репрезентацијо на БиХ, Ова е голема чест за мојата маленкост.

Јас сум роден 1986 година во Скопје, СФРЈ Југославија. Први соседи ми беа Јасмин и Мујо, играв фудбал со Сеад, крав кајсии со Мирсад, а мојот колега и пријател Елвир во моментов ми помага да го коригирам овој текст.

Додека го градев својот стил на пишување песни, многу гледав и учев од Едо Маајка, а денес му се восхитувам на Буба Корели. Преку Дубиоза Колектив сфатив дека музиката нема граници, а со Дино Мерлин научив како емоцијата во песната може да трае засекогаш..

Јас и Един Џеко сме родени во иста држава, иста година. Па нормално ‘Болан’ дека ќе навивам за Босна и Херцеговина. Не е тоа само до фудбалот, тоа е љубов кон народодот од кој низ животот добивав само топли зборови, искрени насмевки и спомени кои не се забораваат.

Слични објави

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Еспресо
Се вчитува....