14.8 C
Скопје
14:47 - 17 март, 2026

Џорџина ја исмеваат поради скапиот подарок за Роналдо: „Толку е горда, како сама да заработила“

Кристијано Роналдо е љубител на скапи работи, а може да се пофали и со завидна колекција на автомобили.

Пред неколку дена, неговата свршеница Џорџина Родригез, му подари уште еден скап „предмет“ – Ролс Ројс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

И ова не ѝ е првпат. Џорџина и пред неколку години му подари автомобил на Роналдо.

Роналдо со новиот подарок се пофали на Инстаграм, а како и минатиот пат кога Џорџина му подари автомобил на Роналдо, коментарите беа главно негативни.

„Кристијано, си купив подарок“, „Колку ѝ е непријатно? Подарокот го купи со негови пари!“, „Колку е горда, како сама да заработила“, „Оваа жена се би направила за лајкови“ – гласат дел од коментарите.

Иако инсистира на тоа дека сама заработила се што има во животот, веќе извесно време се шпекулира дека Џорџина добива повеќе од дарежлив џепарлак од фудбалерот, дури 100.000 евра месечно за тековни потреби, односно за грижата за семејството и децата.

Сепак, таа и понатаму истакнува дека се што има, заработила исклучиво со сопствен труд.

– Пресреќна сум што сум партнерка на Кристијано Роналдо, го обожавам и се чувствувам среќна. Свесна сум дека тоа што сум негова девојка ми дава многу можности, но напорно работев за да го стекнам и изградам она што го имам во банка – изјави неодамна Џорџина.

 

Слични објави

(Фото) Ќерката на Наташа Беквалац полни 19 години, пејачката објави: „Мојата прва, најголема љубов“

Еспресо

Едита за односот со таткото на нејзиното дете: „И двајцата знаевме каде води нашата врска, сега внимавам двојно повеќе“

Еспресо

(Фото) Водителката Ведрана како разголен модел, изгледа многу секси

apostolova

Првата сопруга на Горан Ратковиќ Рале откри детали за неговите афери и врската со Индира Радиќ

Еспресо

Слаткар се стопи, раперот здраво живее и многу ослабе

msp-admin

(Фото) Коки Јанков како градежник: Од темели до кров

msp-admin
Се вчитува....