8.8 C
Скопје
09:47 - 27 октомври, 2026

Што да (не)правите на денот на светиот пророк Агеј: Не одете со празен паричник за да не привлечете сиромаштија

На 29 декември православните христијани се сеќаваат на светиот пророк Агеј.

Нашите предци се обидувале да го поминат овој ден не далеку од дома, туку со своето семејство. Тие верувале дека ако денес сте далеку од домот, може да останете сами долго време. Вечерта ја поминувале во кругот на семејството, зашто се верувало дека тоа ќе помогне да се зајакнат односите.

Постојат и посебни верувања поврзани со финансиите за овој ден. На пример, не треба да ги броите парите, во спротивно ќе изгубите голема сума.

Исто така, се верувало дека на 29 декември не треба да одите со празен паричник. Затоа, не заборавајте да ставите паричка или банкнота во паричникот денес. Се верува дека така ќе можете да сметате на негово брзо полнење во блиска иднина.

На овој ден не земајте или давајте пари рака на рака. Нашите предци тврдеа дека инаку финансиската благосостојба ќе ја пренесете на друго лице. За да ги зачувате вашите финансии, префрлете ја потребната сума на картичка или оставете ги банкнотите на масата – не директно на рака.

Понатаму, се верувало дека на денешен ден не треба со лактите да се потпирате на масата. Секој кој ќе го прекрши ова правило може да има сериозни проблеми со стапалата, сметале нашите прапра-пра баби.

Подобро е да се одложи планираната поправка денес, во спортивно ризикувате сиромаштија во куќата. А не треба ни да се сечат ноктите. Нашите предци тврдеа дека во спротивно можете да си пресечете години од вашиот живот.

Слични објави

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.

Дневен хороскоп за 27 октомври: Пред да донесете важна одлука, проверете ги сите детали

apostolova

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо
Се вчитува....