9.8 C
Скопје
12:58 - 31 март, 2026

Џорџина има „железен“ договор со Роналдо: Откриено колку ќе ѝ плаќа месечно во случај на раскинување

Џорџина Родригез и Кристијано Роналдо изгледа дека ги изгладија недоразбирањата од последен период, во нивната седумгодишна врска. Дека сега сè меѓу нив е како порано, покажаа на неодамнешниот јавен настан во Мадрид, Минералес де Авила, каде се појавија среќни и вљубени заедно.

Шпанските медиуми открија дека освен непобитната љубов што Џорџина ја чувствува кон најплатениот светски фудбалер (а и тој за неа), таа има посебна причина конечно да здивне и да ги остави (злобните) гласини за раскинувањето зад себе.

Откриено е дека Џорџина има „железен“ договор со Роналдо кој ќе биде активиран во случај на раскинување, иако не се во брак, пренесува шпанскиот портал Телемадрид. Во тој случај ѕвездата на саудискиот клуб Ал-Насра би ѝ плаќал по 100.000 евра месечно до крајот на животот, пренесува Дејли Мејл.

Парот, поради кој саудиските власти го „игнорираа“ законот со кој невенчаните парови не можат да живеат заедно во таа земја, имаат заедно пет деца, од кои нивната шестгодишна ќерка Алана и едногодишната Бела се нивно заедничко потомство.  Имено, близнаците Матео и Ева им се родиле во 2017 година од сурогат мајка, а фудбалерот е татко и на 13-годишниот Кристијано Џуниор. Тој никогаш не го откри името на неговата мајка. Сите пет деца заедно ги одгледуваат, а Џорџина  според законот им е мајка. Затоа, се верува дека нејзиниот неодамна постигнат финансиски договор со нејзиниот животен партнер е суштински.

Слични објави

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо
Се вчитува....