10.8 C
Скопје
11:03 - 19 март, 2026

Џорџ Клуни тврди дека Метју Пери не бил среќен на снимањето на „Пријатели“: „Тоа не му донесе ни радост ни мир“

Џорџ Клуни ракажа за „Дедлајн“ дека Метју Пери, кој почина на крајот на октомври, не бил баш среќен на снимањето на култната серија „Пријатели“ (Friends), која му донесе светска слава. „Тој не беше среќен. Тоа не му донесе радост, среќа или мир“.

Метју Пери во хит серијата Пријатели

Според Клуни, кој го познавал Метју од 16-годишна возраст, актерот сонувал да влезе во некоја хумористична тв серија.

„Го познавам Мет од 16 години. Заедно игравме тенис. Тој е помлад од мене околу 10 години. Тој ми велеше: „Само сакам да бидам во хумористична тв серија, човече. Тогаш ќе бидам најсреќниот човек на Земјата.“ И веројатно постигна еден од најдобрите резултати досега“.

Сепак, Пери, според Клуни, никогаш не ја нашол среќата. „Беше тешко да се гледа серијата бидејќи не знаевме што навистина се случува со него. Знаевме само дека не е среќен“, рече актерот, додавајќи дека на многумина им станало познато, по објавувањето на мемоарите на Пери, дека Метју се борел со депресија, зависност од дрога и алкохол. За таа борба Клуни многу добро знаел пред сите други.

принтскрин

„Ова покажува дека успехот, парите итн. автоматски не ви носат среќа. Треба да бидете среќни со себе и со својот живот“, заклучи Клуни. Самиот актер се здоби со популарност речиси во исто време со Метју Пери, откако серијата ЕР беше објавена истовремено со серијата Пријатели, каде Клуни ја играше главната улога.

Метју Пери почина во својот дом во Лос Анџелес на 55-годишна возраст, неговото тело потопено во џакузи го откри неговиот асистент. Забележано е дека на местото на настанот не е пронајдена дрога или алкохол. Подоцна стана познато дека актерот починал од „акутни ефекти на кетаминот“, лек кој се користи за лекување на депресија, а исто така и како рекреативен лек за релаксација.

Слични објави

Тања Савиќ: Се покајав за естетските корекции, имам проблем со филерите

msp-admin

(Фото) Ирена Спировска во ултра мини на посебен настан, изгледа многу помладо

Еспресо

Драма во Русија: Гога Секулиќ во паника се вратила во Србија, платила 5.000 евра за итен лет

apostolova

Го занемаруваме, а најбрзо старее: Како правилно да го негувате деколтето

Еспресо

(Фото) Сузана Гавазова ја покажа спалната соба-опуштена во пижами

Еспресо

Хороскоп за 19 март: Рибите носат важна емотивна одлука, Овните чувствуваат нов почеток

Еспресо
Се вчитува....