02:07 - 11 ноември, 2026

Џони Деп и Џеф Бек обвинети дека украле стихови за новиот албум 18 од затвореник

Музичкиот пар наводно ги украил стиховите од песна на затвореник.

Џони Деп и Џеф Бек се обвинети дека украле стихови од песна и ги користеле на нивниот заеднички албум 18.

Нивната песна „Sad Motherf***in’ Parade“ наводно содржи неколку реда од „Hobo Ben“, поема и песна на Слим Вилсон, алијас за човек кој лежел во затвор за убиство и вооружен грабеж.

Слим Вилсон – чие вистинско име е Вили Дејвис – бил познат по рецитирање на низа развратни песни.
Песните, наречени „тостови“, ги снимил фолклористот Брус Џексон додека Вилсон бил во затворот во државата Мисури.

Наводно, Деп и Бек, во една од песните на албумот искористиле негови стихови, без да се спомнат имињата ниту на Вилсон ниту на Џексон.

„Никогаш не сум сретнал вакво нешто. Објавувам песни веќе 50 години, и ова е прв пат некој штотуку да преземе нешто и да стави свое име на тоа“, објаснува Џексон.

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....