01:19 - 11 ноември, 2026

„Џенифер Лопез е неверна и лажга е, нека ја каже вистината!“: Првиот сопруг на Џеј Ло во одбрана на Бен Афлек

Ојани Ноа, првиот сопруг на Џенифер Лопез, тврди дека Џеј Ло му била неверна на Диди: „Нека ја каже вистината!“.

Џенифер Лопез во последно време едноставно не може да не ги полни таблоидите. Додека се обидува да го реши гломазниот развод од Бен Афлек, кој, се чини, би можел да се одолговлекува со месеци, па дури и со години поради немањето предбрачен договор, поп-дивата мора да продолжи да се занимава и со своите минати љубови.

Бракот со Афлек не беше прв за Џеј Ло. Пејачката од Бронкс се мажеше четири пати, а сега нејзиниот прв сопруг Ојани Ноа ја искористи приликата да се нафрли на бившата партнерка.

Во интервјуто за Despierta America, Ојани сподели детали за неговата врска со пејачката, а исто така ја покажа својата поддршка за Бен Афлек по разводот, со кој очигледно се поистоветува.

Првиот сопруг на Џеј Ло зборуваше за правните проблеми со кои морал да се соочи со пејачката и актерката во минатото и откри дека за нивната разделба делумно е виновен Шон Диди Комбс.

„За тој развод имаше вина и Диди“, уверува Ојани, откривајќи и како Џенифер Лопез го запознала контроверзниот рапер. „Кога „Сони“ дојде и ѝ ги плати милионите што ги доби, дојде и Пи Диди кој требаше да биде еден од продуцентите на неколку нумери на првиот албум On The 6. Оттаму почнаа изневерувањето, лагите, разделбата…“.

„Бев во Лос Анџелес, отворајќи го мојот ресторан, а таа беше меѓу Мајами и Њујорк и работеше на албумот. Кога ќе можев, ќе одев да бидам со неа. Таму, во таа далечина, започна изневерувањето. “, додаде Ојани.

Поранешниот сопруг на Џенифер Лопез исто така тврди дека сенката на неговиот неуспешен брак со дивата од Бронкс продолжува да го прогонува и дека пејачката го саботирала на неколку работни места.

„Би ја прашал Џенифер: што ти направив за да ме изведеш на суд, ме обвини, лажеше, креираше лажни работи за мене и повика неколку компании да ме исфрлат од листата на соработници и различни телевизиски мрежи да не ми даваат работа“, рече тој.

„Зошто, ако не сум ти направил ништо? Нека ја каже вистината, нека каже се што се случило“.

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....