11.8 C
Скопје
21:03 - 3 април, 2026

Џенифер Гарнер е среќна што е ослободена од грижа за „четвртото нејзино дете“ Бен Афлек: Нека се грижи сега за него Џенифер Лопез!

Поранешната сопруга на Бен Афлек, актерката Џенифер Гарнер е среќна што сега за него ќе се грижи неговата нова сопруга Џенифер Лопез. Ова го изјавија неколку извори за Page Six.

„Сигурна сум дека е воодушевена што се ослободи од четвртото дете“, изјави еден од соговорниците за Пејџ Сикс, навестувајќи дека покрај трите деца, актерката се грижела и за нејзиниот поранешен сопруг.

Ова беше потврдено и од друг извор.

„Џен е прекрасна мајка, таа навистина ги воспитува своите деца и прекрасно е што сега нема четврто дете“, рече изворот.

Џенифер Гарнер не присуствуваше на свадбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез во сабота на 20 август. Сепак, трите деца на парот – Виолет (16), Серафина (13) и Семјуел (10) беа меѓу гостите.

Самата Џенифер Гарнер беше фотографирана во продавницата Sam’s Club во Јужен Чарлстон, Западна Вирџинија, неколку часа пред свадбата на Афлек и Лопез. Насмеаната актерка беше придружувана од нејзиниот татко Вилијам и нејзиното момче, бизнисменот Џон Милер.

Џенифер Гарнер и Бен Афлек беа во брак од 2005 до 2018 година. Тие се разделија во 2015 година, но официјално се разведоа неколку години подоцна.

Слични објави

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.

Ни доаѓа многу моќен датум 4.4. – според нумерологијата носи пари, среќа и неочекувани можности

Т.Ц.

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ пристигна на Бали: „Ми дојде радоста!“

Еспресо
Се вчитува....