18:45 - 12 април, 2026

ЏЕНИФЕР АНИСТОН ПРОЗБОРЕ ЗА ЉУБОВНИОТ ЖИВОТ: Би успеала ли врска меѓу славна и анонимна личност?

џенифер анистон

Кога станува збор за љубовта, холивудската актерка вели дека има уште време да ја пронајде својата сродна душа и дека не се откажува.

Во интервју за „People“, каде што ја промовираше новата сезона на серијата „The Morning Show“, таа зборуваше и за љубовта, откривајќи ја својата позиција за односите меѓу славните и анонимните луѓе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

На прашањето на водителката на „The TV Show!“, Кеј Адамс дали може да успее врска помеѓу славна и анонимна личност, Џенифер Анистон искрено одговори.

„Нормално дека може. Апсолутно. Па, тоа се случило и порано. Некако се надевам дека ќе најдам некој што не е од „индустријата“. Тоа би било навистина убаво“, вели 52-годишната актерка.

Џенифер ги коментираше и најновите гласини во медиумите за нејзината наводна, тајна врска со нејзиниот колега од серијата „Friends“, Дејвид Швимер.

„Не можам да верувам дека некому му паднало на памет. Па, тој ми е како брат. Но, ги разбирам донекаде тие гласини“, рече Анистон, која уште во јуни призна дека никогаш нема да користи апликации за состанување.

„Ќе се држам да ги најдам моите партнери во реалниот живот. Сакам да запознавам луѓе кои ќе ме поканат на состанок“, призна таа додавајќи дека сонува за идеален партнер, но не и за друг брак, што не е изненадувачки, бидејќи зад себе има два брака.

Џениер Анистон беше во брак со холивудскиот актер Бред Пит од 2000 до 2005 година и со Џастин Теру од 2016 до 2018 година.

Слични објави

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Т.Ц.

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го прославува Велигден на Бали – ужива во празнична трпеза со семејството и Јована Пајиќ

Еспресо

Стапчиња од лиснато тесто со пармезан крцкави, миризливи и готови за 15 минути

Т.Ц.

(Фото) Ава Карабатиќ била нападната од нејзиниот партнер во Белград: „Се плашам за мојот живот“

Еспресо
Се вчитува....