16:47 - 7 ноември, 2026

Џејн Биркин го посетила опколеното Сараево во војната: „Наидов на гордост“

Џејн Биркин, актерка и пејачка, почина вчера на 76-годишна возраст, а оваа легендарна ѕвезда имаше посебна врска со Сараево.

Покрај пеењето и глумата, Џејн беше и голем борец за човекови права, а Сараево првпат го посети во 1994 година, кога главниот град на Босна и Херцеговина беше под опсада.

Заедно со неколку нејзини пријатели, Џејн таа година дошла во Сараево, кое минуваше низ најтешките моменти во својата историја, да го посети својот пријател Френсоа Буеб, основачот на Францускиот културен центар „Andre Malraux“.

Тогаш таа стана првата кума на истоимениот културен центар .

Џејн неколку пати во светските медиуми зборуваше за она што тогаш го видела во Сараево. Како што истакна своевремено останала воодушевена од гордоста што ја покажале жителите на Сараево „кои на секој начин се трудеа да живеат нормално во ненормални услови“.

– Наидов на гордост, истата за која ми зборуваше сестрата на мојот сопруг. Среде нацистичкото прогонство, нејзините родители ја испраќале на часови по пијано, дури и ако тоа значело дека мора да пешачи 10 километри – рече Џејн.

Џејн повторно го посетила Сараево во 2004 година, кога одржа концерт наречен Арабеска во Босанскиот културен центар – во спомен на нејзиниот сопруг Серж Гејнсбур.

Животната приказна на Џејн Биркин: Убавица и муза со скршено срце

Слични објави

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.
Се вчитува....