15:10 - 5 декември, 2025

Џејмс Корден исфрлен од ресторан во Њујорк: „Тој е многу талентиран комичар, но исто така и кретен“

Џејмс Корден е многу талентиран комичар, но исто така е и кретен, така ја започна објавата Кит Мекнали, сопственик на популарниот ресторан Балтазар во Њујорк, кој на британскиот комичар му забрани влез во ресторанот.

-Клиент кој најмногу го малтретирал мојот персонал од отворањето на ресторанот пред 25 години. Ретко исфрлам клиенти, но денес го избркав Корден и тоа не ме насмеа – напиша сопственикот, а потоа наведе примери за однесувањето на Корден кон неговите работници, додавајќи дека Корден слично се однесувал и во неговиот поранешен ресторан Кафе Луксембург.

-Џејмс Корден беше овде во јуни на масата 61. Откако го изеде главното јадење, Корден му покажа влакно на менаџерот на Балтазар Г., кој му се извини за тоа. Корден беше многу одвратен кон Г. и му рече: „Дајте ни уште една тура пијачки веднаш! И погрижи се за сите наши пијачки досега. Ќе ви напишам негативна критика! – тоа е првиот пример.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Corden (@j_corden)

Друг пример:

-Џејмс Корден бил на појадок во Балтазар со сопругата на 9 октомври. Побарал маса надвор и ја добил масата 301. Сопругата на г. Корден порачала омлет од жолчки со сирење грујер и салата. Неколку минути откако ја добиле храната, Џејмс ја повикал нивната келнерка М.К. и рекол дека има белка помешана со жолчката… тогаш почнало викањето, вели сопственикот.

-М.К. го известила менаџерот Г. Јадењето било преправено во кујната, но за жал наместо салата било донесено со домашен помфрит. Тогаш Џејмс Корден почнал да вика како луд: „Не можете да си ја работите работата! Не можете да си ја работите работата! Може треба да влезам во кујна и сам да направам омлет. М.К. се извинила и го одвела Г. до масата. Тој го вратил јадењето и после тоа сѐ било во реед. Им дал чаши шампањ за да ги смири работите. Г. рече дека Корден бил фин со него, но грозен со М.К., која била многу потресена, но професионално, каква секогаш, ја изработи смената – заврши сопственикот.

Наводно, сите во Холивуд знаат дека Корден е непријатен и безобразен, а неговото однесување е една од причините за напуштање на емисијата „The Late Late Show“. Корден во неа воведе сегменти како што се „Спушти го микрофонот“ и „Караоке во автомобил“ во кои се појавија многу познати личности, како пејачката Адел и принцот Хари.

По објавата на сопственикот на ресторанот Кит Мекнали, Корден му се извини.

-Сѐ му е простено. Верувам во втора шанса. Џејмс, дојди кога сакаш“, објави Кит.

Слични објави

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо
Се вчитува....