6.8 C
Скопје
08:19 - 1 април, 2026

ЏЕЈМС ФРАНКО ПРИЗНА ДЕКА СПИЕЛ СО СТУДЕНТКИ: Бев зависен од секс

џејмс франко

Познатиот холивудски актер Џејмс Франко призна дека спиел со студентки од актерската школа што некогаш ја водел, додавајќи дека е зависник од секс и дека работи на решавање на проблемот.

Во подкастот „The Jess Cagle“ Франко рече дека спиел со студентки и дека тоа не е во ред, велејќи дека не ја основал актерската школа за да ги намами жените за сексуални цели.

џејмс франко
Фото: EPA-EFE/MIKE NELSON

„Во тоа време не бев со чиста глава. Мислам дека тогаш верував дека е во ред“, откри Франко.

Ова е прв коментар на Франко за обвинувањата изнесени против него пред речиси четири години,
кога „Los Angeles Times“ објави дека пет жени го обвиниле актерот за сексуално злоставување.

џејмс франко
Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Франко претходно изјави дека развил зависност од секс откако престанал да пие алкохол, од кој бил зависен во младоста.

„Тоа е многу моќна дрога. Се навлеков на тоа пред 20 години. Единствено добро во тоа е фактот што останав целосно трезен, не пиев алкохол“, во тоа време изјави актерот.

Во интервју за овој подкаст, тој исто така рече дека се опоравува од зависноста од секс и дека работи на себе од 2016 година за да не ги повтори истите грешки.

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....