21.8 C
Скопје
13:45 - 2 мај, 2024

Девојката на Пике посетува психијатар по песната на Шакира: „Нејзината ментална состојба не е добра, не е лесно да се има 23 години, а да се биде на усните на цела Шпанија и на целиот свет“

На 12 јануари, светот „дивееше“ по објавувањето на „Sessions #53“ на Бизарап и Шакира.

Ако сесиите на Бизарап веќе имаат огромен досег, соработката со Шакира беше доволна за да се постигнат историски рекорди.

Во песната, пејачката даде различни коментари за поранешниот партнер Жерар Пике, со кој се раздели во 2022 година.

Песната која стана вирална со рекорна слушаност предизвика сите да зборуваат за Колумбијката и фудбалерот.

Сепак, она што најмногу загрижува не се нејзините зборови кон Пике, туку кон сегашната партнерка на фудбалерот, Клара Чиа.

Инстаграм

Очигледно, на младата девојка не ѝ било пријатно таквото внимание од јавноста, како и навредите упатени од Шакира, а најмногу тоа што случајни минувачи за запирале на улиците да ја прашаат дали е таа -таа, љубовницата што го растури бракот, па Клара побарала психолошка помош.

Она што е јасно е дека нејзиниот идентитет повеќе не е тајна, а притисокот да биде „другата“ жена почнал силно да влијае на нејзиниот живот.

„Ја запираат на улица, ѝ ја пеат песната, сите ја препознаваат, а таа е прилично срамежлива девојка“, истакна пред една недела Лорена Васкез од „Мамараци“.

Сега пак, оваа сабота на емисијата „Фиеста“, шпанскиот новинар Саул Ортиз даде дополнителни ажурирања за ситуацијата.

„Таа е во куќата на нејзините родители околу осум дена, работи од дома“, рече тој.

„Нејзе ѝ требаше засолниште бидејќи нејзината ментална состојба не е добра. Не е лесно да се биде девојка од 23 години и да се биде на усните на цела Шпанија и на целиот свет“, објасни Ортиз.

Покрај ова, Мариса Мартин Бласкез даде нова информација, која дополнително ги објасни борбите што ги имала младата девојка.

„Има постојан чувар и не е видена со денови како го напушта домот“, објасни Бласкез и додаде дека морала да се обрати на психијатар.

„Нејзе ѝ беше потребна помош, помош на друго ниво, од експерти“.

(Фото) Шакира пред Пике беше во голема љубов со синот на претседателот на Аргентина: Поминаа 11 години заедно, а потоа ја тужеше за 250 милиони долари!

Слични објави

(Фото) Таа е најбогатата пејачка на Балканот! Заработува 92 милиони годишно, има две фирми и еден вработен

Еспресо

(Видео) Деми Мур ја покажа завидната фигура: Рамен стомак и минијатурно бикини

еспресо

Астропрогноза за четврток, 2 мај: За Водолиите промена на имиџот, за Вагите комуникација

еспресо

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

Како скриена камера: Здравко Чолиќ се венчал на 1 мај, еве и како

еспресо

Дарко Лазиќ отворено за интимата: Сакам перверзии, си купив и посебна „играчка“ за возрасни

еспресо
Се вчитува....