16.8 C
Скопје
14:49 - 14 април, 2025

ДЕВОЈКА ОД КАНАДА ГИ ПОТСЕТИ ЛУЃЕТО КОЛКУ СЕ ПРИВИЛЕГИРАНИ: Поминува 554 км до првата проданица!

Шинејд Медер

Една корисничка на социјалната мрежа „ТикТок“, Шинејд Медер сподели видео на својот профил во кое го опишува нејзиниот живот во изолираното место Јукон во Канада.

Во видеото таа истакна дека оди да пазарува на секои шест до осум недели, што не е нималку лесно бидејќи до продавница има цели пет часа возење. Така, кога ќе отиде во продавница, ги зема со себе своите две кучиња и заедно поминуваат 544 километри и уживаат во прекрасната глетка.

Како што вели, по патот нема сигнал, па доколку се случи нешто не може да повика никого на помош. А лошото време воопшто не помага. Шинејд вели дека често паѓа голема количина снег, мраз и дожд, а температурите се спуштаат и до -20 степени целзиусови.

„Дури и кога ништо не паѓа, надвор има густа магла, така што прегледноста е тешка додека возите. На патот честопати се случува да претрча некое животно, а нема сигнал… Трошам повеќе од илјада долари за целото ова „патување“ до продавницата“, вели Шинејд.

Watch on TikTok

Иако во близина на Јукон има мал супермаркет, тој бил многу поскап од пооддалечените продавници, а понудата е сведена на основни производи.

Watch on TikTok

Луѓето беа шокирани од нејзината приказна и напишаа дека дури сега знаат какви привилегии имаат. Сепак, некои се пошегуваа.

Замислете, го поминувате целиот тој пат и доаѓате дома и сфаќате дека не сте купиле сè“, „Не можам ни да замислам. Толку сум неорганизирана што одам во продавница на секои 2-3 дена“, „Вчера бев два пати во продавница и пак не купив сè. Ова во никој случај не е за мене“, „Замислете си го заборавивте паричникот“, беа некои од коментарите на социјалните мрежи.

Слични објави

Луна Ѓогани откри дали планира трето дете: Би завршила во ментална установа

Еспресо

Ослабела дури 23 килограми: Александра Пријовиќ откри која е нејзината тајна за убав изглед

Еспресо

Војаж проговори за Гудељ и Ема Радујко: Драги не е таков тип, да прави нешто такво

Еспресо

(Видео) Теодора Џехверовиќ се поти во теретана: Секој дел од телото ѝ е како извајан

apostolova

Јелена Розга првпат во јавност со момчето Иван Хуљиќ: „Ние ништо не криеме“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ во најкраткиот фустан досега! Градите во преден план, ги „запали“ социјалните мрежи

Еспресо