7.8 C
Скопје
19:46 - 31 март, 2026

Детали за грабежот на куќата на Тома Здравковиќ: Украдени се бизарни работи!

Родената куќа на Тома Здравковиќ во селото во близина на Лесковац, Печењевце, беше ограбена пред неколку дена. На новогодишната ноќ, крадците ја искршиле вратата од предниот двор и ја фрлија во калта. Се чини дека тие многу добро го познавале теренот.

Екипата на српски Курир стапила во контакт со човекот задолжен за реставрација на куќата на легендарниот пејач, Станис Цветановиќ, и со него разговарале што е одземено од куќата и колкава штета е направена.

– Се трудев и дадов се од себе куќата на Тома да стане култно место и да се обидам да го обновиме она што остана од старата, трошна куќа и да ја направам музеј. Факт е дека југот на Србија и селото Печењевце станаа попатна станица за сите што одат во Грција, Бугарија и Македонија благодарение на него. Сите веќе знаат за ресторанот, а сега сакавме да создадеме и музеј. Откако на средба со жителите од ова село предложив сите да се заложиме и вложиме во реновирање на куќата, за моја среќа, многумина се одзваа и го поддржаа овој проект – вели тој и продолжува:

-Почнавме полека да собираме пари, а како што ги собиравме, така и ги вложивме. Го сменивме покривот, ја бетониравме терасата, мајсторите работеа бесплатно и она што го земаа тие паметњаковци беше цементот со кој требаше да се бетонира дворот, како и струјните кабли за замена на старите во куќата. Најбизарно од се е што ги земаа и алатите на мајсторите. Никој од нашите локални жители не го направил тоа, можам да потпишам. Ова е некој од соседното село и точно знаел каде е се. Само не ми е јасно зашто морле да ја скршат вратата на дворот и да ни направат уште еден трошок – вели Станиша за српски Курир.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо
Се вчитува....