7.8 C
Скопје
07:11 - 2 април, 2026

Денес средба во Истанбул на руски и украински делегации за безбеден извоз на украинско жито

Житните производи се блокирани во пристаништата на Црно Море под руска контрола. Обединетите нации ги надгледуваат тековните преговори меѓу Русија и Украина, со посредство на Турција, за решавање на ќор-сокакот.

Воени делегации од Русија и Украина, со посредство на Анкара, денес ќе се сретнат заедно со претставници на ОН за да разговараат за безбедно ослободување на украинскиот извоз на пченица. Ова го посочи турскиот министер за одбрана Хулуси Акар, цитиран од руската агенција Тасс: „Воените делегации на Турција, Русија и Украина и делегација на Обединетите нации утре (односно денес) во Истанбул ќе водат разговори за безбеден транспорт на жито од украинските пристаништа на меѓународните пазари по море“, прецизира тој за новинската агенција Ројтерс.

Во средината на минатиот месец беше воспоставен канал за комуникација меѓу генералите на Русија, Украина и Турција за координирање на извозот на жито. Потоа, министерот Акар разговараше со Сергеј Шојгу, а потоа со Алексеј Резников (министрите за одбрана на Русија и Украина), а турската воена делегација подоцна се сретна со руска, а потоа и со украинска делегација.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....