03:48 - 3 април, 2026

(ФОТО) Дејвид БЕКАМ СЕ СПРЕМА ЗА СВАДБАТА НА СИНОТ, се пофали со оделото што ќе го носи

Бруклин Бекам, најстариот син на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам и дизајнерката Викторија Бекам, на 9 април годинава ќе се ожени со својата свршеница, 27-годишната Никола Пелц.

На својот инстаграм-профил Дејвид сподели фотографија на која се гледа костумот што ќе го носи на венчавката на Бруклин и Никола.

– Создавање посебни спомени. Плановите за венчавката се во тек, а родителите облечени и дотерани – напиша Дејвид Бекам со фотографија на која позира со татко му и Нелсон Пелц, татко на невестата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

Познато е и дека невестата ќе носи венчаница од дизајнерот Валентино, а таа со својот стилист планира да го посети Рим за да испроба неколку модели, а ќе избере два.

– Викторија Бекам го дизајнираше нејзиниот веренички фустан и целосно го поддржува тој избор. Веројатно истата вечер ќе се појави и во модел дизајниран од Викорија – рекол извор за странските медиуми.

Венчавката ќе се одржи во вилата на милијардерот Нелсон Пелц, татко на невестата, во Палм Бич, Флорида. Вилата се наоѓа покрај море и има 27 соби. Познато е и дека меѓу гостите ќе бидат манекенката Џиџи Хадид, дизајнерката Никол Ричи, готвачот Гордон Ремзи и други познати личности.

Иако сѐ уште многу малку се знае за венчавката, Бруклин и Никола по повод Денот на вљубените открија дека ќе носат „кипа“, мала рамна, црна или обоена капа што ја носат Евреите на традиционалните церемонии, па церемонијата ќе се изведува според тој обред.

Малиот Бруклин во прегратките на својот татко/Instagram

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....