6.8 C
Скопје
09:15 - 1 април, 2026

ДЕЈВИД БЕКАМ го отстапи својот Инстаграм профил на докторка од Украина: Еве како таа ја користи платформата со 71,4 милиони пријатели

Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам ја препуштил контролата на својот Инстаграм профил на украински детски анестезиолог која работи во Харков за да ги опише искуствата од помагањето на луѓето во градот разурнат од војна.

Бекам има 71,4 милиони следбеници на Инстаграм, а тој одлучил да ја искористи неговата платформа за да ја истакне „неверојатната работа“ на медицинскиот персонал среде руската инвазија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

Украинската докторка Ирина, шеф на регионалниот перинатален центар и детски анестезиолог, објави клипови и фотографии во „стори“, користејќи го профилот на Бекам и покажувајќи како војната влијае на работата на нејзиниот тим.

Ирина сподели видеа на кои се гледа подрумот каде што биле евакуирани бремените жени и новите мајки во текот на првите денови од инвазијата. Докторката истакна дека има работа 24/7 и дека заедно со колегите веројатно си го ризикуваат животот, но и дека не размислува за тоа бидејќи си ја сака работата.

Бекам пак, ги повика своите пријатели да донираат за добротворна организација која работи во Украина за да им обезбеди на семејствата пристап до чиста вода и храна, да обезбедат континуирани услуги за заштита на децата и да ја следат ситуацијата со бегалците во соседните земји.

Поранешен играч на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, 46-годишниот Бекам, е инаку, амбасадор на УНИЦЕФ од 2005 година.

 

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....