18:08 - 11 ноември, 2026

(Видео) Дарко Лазиќ ја прегрна вдовицата на Тома Здравковиќ додека ѝ го пееше познатиот хит од покојниот сопруг

На концертот организиран во чест на легендарниот Тома Здравковиќ, публиката сведочеше на исклучително емотивни сцени кога фолкер Дарко Лазиќ се качи на сцената за да ги изведе неговите најголеми хитови.

Во првиот ред, преплавени со емоции, седеа вдовицата на Тома, Гордана Здравковиќ, и нивната ќерка. Кога Дарко ги запеа познатите стихови од песната „Ево веќе је њ, а тебе се уште те нема“, Гордана не успеа да ги задржи солзите. Во тој момент, Лазиќ ѝ пријде, ја прегрна и истакна почит кон семејството, што ги разнежи сите присутни во салата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Grand TV (@grand_televizija)

Покрај Лазиќ, на настанот се појави и Ана Бекута, која зборуваше за емоциите кои ги носат песните на Тома, но и за споменот на нејзиниот покоен партнер Милутин Мркоњиќ:

„Тома многу малку го познавав, но ги пеев неговите песни по хотелите ширум тогашна Југославија. Кога ме прашувате со која негова песна можам да заплачам…. но за тоа ми е потребно добро друштво и чаша вино. Додека Милутин беше тука, знаев со него да испијам чаша вино за време на ручекот, а сега тоа го правам со пријателите и со внуката“.

Слични објави

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо

(Фото) Од сомнеж за лажен профил до свадба на Санторини — „македонската Барби“ раскажа како го запознала сопругот

apostolova

Ива Бојановиќ без влакна на јазикот за помладиот дечко на Дара Бубамара: „Како да му е другар на син ми, не би можела!“

Еспресо

(Видео) Мина Костиќ им возврати на колегите по обвинувањата за кражба: „Љубомората е чудо!“

Еспресо

(Фото) Бресквица сподели романтични кадри со партнерот од Дубаи – пејачката блеска на ноќно излегување

Еспресо

(Фото) Ќерката на Даниел Кајмакоски наполни две години, за роденденот си доби торта со Том и Џери

К.С.
Се вчитува....