19:12 - 23 септември, 2026

Дара Бубамара ужива на луксузна дестинација со помладото момче – сите гледаат во парчето од 5.000 евра

Популарната српска пејачка замина на одмор на Сардинија во придружба на својот нов партнер. На социјалните мрежи се пофали со романтични моменти, но и со прескап моден додаток.

Пејачката Дара Бубамара деновиве одлучи да побара здив од напорните настапи и работниот викенд, па замина на одмор на Сардинија, луксузниот италијански остров. На оваа егзотична дестинација друштво ѝ прави нејзиното ново, помладо момче, кое неодамна и официјално го претстави во јавноста.

Фолк ѕвездата на својот Инстаграм профил сподели серија моменти на кои се гледа како ужива во нежностите со партнерот. Парот ужива во романтични прошетки низ островот држејќи се за раце, а вечерта ја поминале во елитен ресторан.

За оваа пригода, Дара одбра впечатлив стајлинг во препознатливиот „Барби“ стил, облече розово сако-палто и панталони во иста нијанса, искомбинирани со едноставна бела маичка, додека нејзината долга руса коса дополнително дојде до израз.

Она што најмногу привлече внимание кај нејзините следбеници е прескапото парче што пејачката го носеше со себе. Овој розов стајлинг таа го надополни со брендирана чанта, чија цена на пазарот се движи од 5.000 до 6.500 евра.

Дара Бубамара – Фото: Инстаграм

Инаку, Дара Бубамара деновиве е во центарот на медиумското внимание во регионот поради интимното видео кој протече на социјалните мрежи, па овој одмор на Сардинија очигледно ѝ дојде во вистинско време за да побегне од чаршиските муабети.

Да потсетиме, пејачката неодамна дефинитивно стави крај на криењето на приватниот живот кога нејзиниот партнер ја придружуваше на снимањето на емисијата „Ѕвездите на Гранд“.

Тогаш тој се покажа како вистински џентлмен, прв излезе од автомобилот за да ѝ ја отвори вратата на својата избраничка, по што пред сите присутни медиуми и фоторепортери разменија сочен бакнеж. Од лицето на Дара тогаш, како и сега во Италија, не се симнуваше препознатливата широка насмевка.

Слични објави

„Браво, љубов моја“: Анастасија Ражнатовиќ горда на Немања Гудељ, честитки стигнаа од сите страни

Еспресо

(Фото) Миа Костова проговори за тешкиот период: „Ова беше едно лето со лоши вести“

Еспресо

(Видео) Голема трансформација: Дејан Милиќевиќ ослабел 45 килограми

Еспресо

Со умот го освојуваме светот, а душата ни е назад: Марија Главчева за животот на иселениците

Еспресо

„Немаат никаков контакт“: Николина Пишек ја откри тажната вистина за врската на нејзината ќерка со дедото Миша Гроф

Еспресо

„Малку работа, малку Пуља“: Катарина Ивановска ужива во Италија со песна од Тамара Тодевска     

Еспресо
Се вчитува....