02:31 - 31 јануари, 2026

Даниел Хам позира со ќерката на Деми Мур и вели: „Те сакам Деми Мур, ти си најдобрата мајка, толку убава…“

Деми Мур ја официјализираше својата врска појавувајќи се во Париз со новата љубов, а фотографиите ги постираше на социјалните мрежи. Сепак, штом се вратија во САД, и Даниел Хам-новиот избраник на Деми- се огласи на Инстаграм, постирајќи фотографија во друштво со ќерката на Деми Мур и Брус Вилис, музичарката, пејачка и текстописец Скаут Вилис.

30 годишната Скаут е подготвена за нејзиниот голем момент во животот и моментно е во центарот на вниманието – и на јавноста и во семејството. Пејачката во средата ја сподели својата нова песна „Woman at Best“ и објави дека песната ќе послужи како главен сингл од нејзиниот претстоен деби албум, кој ќе излезе на 24 јуни.

„Скапоцено е да бидам со тебе Скаут Вилис, неверојатно е да се има овој момент непосредно пред објавувањето на албумот во петок, како смиреност пред бура. Тоа ќе биде диво возење и знам дека го имаш целиот талент како уметник да го однесеш до Месечината и пред се човечност што не може да се спореди. Те сакам. Те сакам и тебе Деми Мур, ти си најдобрата мајка, толку убава што може да се види преку длабоката љубов и сочувство насекаде низ семејството“ – напиша Даниел Хам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daniel Humm (@danielhumm)

Деми Хам се во врска веќе со месеци, но готвачот остануваше во тајност и никаде заедно се немаа појавено, барем не во јавност, до париската модна недела каде првпат се видени заедно и изгледале многу вљубени.

Сепак, за кого станува збор, кој е избраникот на срцето на убавата глумица? А, не е актер.

Станува збор за швајцарскиот готвач добитник на повеќе Мишлин ѕвезди и сопственик на елитниот ресторан „Елевен Медисон Парк“ во Њујорк.

Швајцарскиот готвач Даниел Хам има 46 години, односно 13 години е помлад од глумицата. Сопственик (меѓу другото) на ресторано „Илевен Медисон Парк“  во Њујорк каде целосно се служат вегански специјалитети по фиксна цена од 335 долари. И самиот е веган, а на ова мени од одамна е и самата Деми (59).

Инаку, иако ужива во љубовта, ова не е лесен период за Деми Мур. Поранешниот сопруг Брус Вилис, татко на нејзините три ќерки Румер, Талула и Скаут, беше принуден да ја напушти сцената на 67-годишна возраст поради болеста афазија. Деми, во таков болен момент, може да смета на топлината на нејзиното прекрасно „мешано семејство“ (во кое е и сегашната сопруга на Вилис, глумицата Ема Хеминг), но и на новата љубов.

Слични објави

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо

Мина и Каспер се разделуваат: По свршувачката, пејачката откри сè: „За два дена повеќе нема да бидеме заедно“

Еспресо

(Фото) Азис позираше со сопругот: „Ви посакуваме среќа на сите“

E.A.

Босанац купил стан од Вики Миљковиќ: Тој има една од најскапите вили во Белград, сега стана сопственик на уште една недвижност

Еспресо

Ја пронајде својата среќа: Харис Џиновиќ има нова партнерка која е 20 години помлада од него

E.A.

Даваше, а и уште ќе дава: Харис Џиновиќ ја заборави Мелина, сега си „бркна“ 20 години помлада

Еспресо
Се вчитува....