08:49 - 31 октомври, 2026

Дани Димитровска сподели стара фотографија и ги разбуди спомените за прерано починатиот Влатко Илиевски

Дани Димитровска на својот инстаграм-профил стара фотографија од Охрид на која е заедно со нејзиниот прерано починат колега и пријател Влатко Илиевски.

„На денешен ден, пред 17 години…“, напиша Дани на фотографијата, на која е во друштво со Илиевски и со пејачот Ѓоко Танески.

Фотографијата е направена во Охрид, за време на фестивалот „Охридски трубадури“.

Објавата разбуди спомени за периодот кога тројцата пејачи беа дел од македонската музичка сцена и често настапуваа на домашните фестивали.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Дани и Влатко не беа само колеги и пријатели, туку соработуваа и музички. Заедно ја снимија песната „Не те можам“, која се најде на првиот соло-албум на Илиевски, „Со други зборови“.

Илиевски почина на 33 години, на 6 јули во 2018 година, само четири дена по неговиот роденден. Неговата ненадејна смрт силно ја погоди македонската музичка сцена, а меѓу колегите кои тогаш јавно се простија од него беше и Дани.

„Влатче брату, немам зборови ни утеха! Само кнедла во грло… Засекогаш ќе ми светиш во срцето“, напиша Димитровска по загубата.

Слични објави

Хороскоп за 31 октомври: Ракови, ќе се посветите на семејните проекти

Еспресо

Ѓоле Ѓогани искрено за бракот и имотот: „Се плашам повторно да не се разведам“

E.A.

Александра Радовиќ за тајната на својата линија и достоинственото стареење: „Не сакам да изгледам како мојата ќерка ниту да бидам пластична“

E.A.

Сара Јо го прослави 33. роденден со партнерот Алексеј Бјелогрлиќ – тој ја изненади со голема торта

Еспресо

(Фото) Живкица Каленикова ужива во есенскиот Њујорк: Романтично патување со сопругот Зоран

К.С.

Слоба Радановиќ ѝ го честиташе роденденот на сопругата на полноќ: „Среќен роденден, љубов моја“

Еспресо
Се вчитува....