21.6 C
Скопје
00:51 - 1 август, 2026

Дали јогата може да ја намали подгрбавеноста?

unsplash

Вежбањето јога може да ја намали подгрбавеноста на горниот дел од `рбетот, покажа една студија спроведена од Универзитетот во Калифорнија. Вежбањето се покажало особено ефикасно кај луѓето со пофлексибилен `рбетен столб.

Истражувањето покажало дека вежбањето јога може да ја намали болката во грбот, да ја намали вкочанетоста и закривеноста на `рбетот каја е се почеста појава, имајќи го предвид фактот дека повеќето луѓе поголемиот дел од денот го поминуваат во седечка положба.

Студијата била спроведена од научници на Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес, предводена од д-р Гејл Гиндајл која подоцна беше објавена во Американското здружение за геријатрија.

unsplash

Истражувањето било спроведено на помала група луѓе, а кај испитаниците кои правеле јога вежби во текот на шест месеци, се покажало подорбување од околу пет проценти во споредба со другите луѓе кои не ги практикувале вежбите.

Кај лица со пофлексибилен `рбет, резултатите покажале дека имало шест проценти подобрување.

Субјектите, кои имаа пофлексибилен `рбет од другите на почетокот на истражувањето, имаа најголема корист од вежбањето јога“, вели д-р Гриндајл во изјава за Ројтерс.

Тимот вршел редовни мерења на искривувањето на `рбетниот столб кај 118 испитаници кои биле целосно здрави, со исклучок на поблага форма на хиперкифоза или подгрбавеност која е карактеристична за постарите лица. Повеќето испитаници биле жени, дури 81%.

unsplash

¾ од анкетираните изјавиле дека чувствувале болка во текот на четирите недели што претходеле на истражувањето, а околу 60% рекле дека болката е честа или на дневно ниво.

За шест месеци, колку што траела студијата, 58 учесници присуствувале на часови по јога три пати неделно, каде ги научиле соодветните техники на дишење и пози кои ја зголемуваат флексибилноста и силата на мускулите на грбот. Додека останатите 60 испитаници формирале контролна група.

pixabay

Кога се споредиле искривувањата на `рбетот во групата која правела јога, резултатите покажале дека  искривувањето на `рбетот се намалил, додека во контролната група било забележано влошување на состојбата.

Исто така, кај оние кои вежбале, болката во горниот дел на `рбетот значително се намалила и имале помалку проблеми со несоницата, се зголемила нивната висина и можеле да станат побрзо.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

(Фото) Новата снаа на Лепа Брена ги покажа заносните облини – меѓу градите крие тетоважа

Еспресо

Дарко Лазиќ демантира дека бил исфрлен од клуб: „Пеев час и половина, а не ми платија“

Еспресо

Теодора Џехверовиќ отворено за конфликтот со колешката Ема Радујко: „Не толерирам непочитување“

Еспресо

Дара Бубамара полека го воведува партнерот во светот на естрадата

Еспресо

(Фото) Прва фотографија од Дea Ѓурѓевиќ од породилиштето: Водителката блеска само два часа по породувањето

Еспресо

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо
Се вчитува....