17.8 C
Скопје
22:19 - 30 април, 2024

Дадилката на децата на Харис и Мелина Џиновиќ признава: „Ѝ ги перев и гаќите, беше скржава!“

Дадилката на Џиновиќ била вклучена во се, па не била изненадена од разводот.

Постојат различни шпекулации, но малкумина знаат што всушност се случувало зад ѕидовите на големата палата на Харис и Мелина Џиновиќ. Изгледа само дадијарката на Џиновиќ знае како навистина се одвивале работите, па затоа решила да проговори.

Разводот на Мелина и Харис, може да се каже, ја потресе цела регионална јавност.

Откако дозна дека Мелина го оставила сопругот, заминала практично без збогум и дека Џина престанала да ја следи мајка си на Инстаграм (каде што е и активна), дадилката на Џиновиќ изјавила дека не била изненадена од целиот овој спектакл.

– Нивниот развод воопшто не ме изненади, само се надевам дека децата се добро – за „Ало!“ рече дадилката на Џиновиќ, која сакаше да остане анонимна (името и презимето се познати на редакцијата на српскиот весник „Ало!“). Од самиот почеток, ја следам целата оваа збрка околу Харис и Мелина во медиумите и искрено цело време мислам на Џина и на Кан. Беа многу помлади кога ги чував, но децата се деца и сигурно не им е сè ова пријатно.

– Секогаш беа поприврзани за Харис, се плашеа од Мелина, и главно јас ги покривав пред Мелина кога правеа разни будалштини. Додуша, од почетокот ми беше чудно, со оглед на тоа што Харис често беше на турнеи, мислев дека имаат поблиски односи со мајка си – изјавила дадилката на Џиновиќ за „Ало!“, а потоа додала дека се ѝ станало јасно кога сама се уверила дека децата поминуваат само час-два дневно со Мелина.

– Се сеќавам, на пример, кога отидов со нив во Бечиќи, бидејќи таму поминуваат речиси цело лето… Мислев дека четворицата ќе бидат заедно, а јас ќе бидам во посебна просторија, сепак, на мое изненадување, не беше така.

– Харис и Мелина беа во еден дел од хотелот, а јас и децата во друг. Постојано бев со децата во соба, ги будев за појадок, ги носев на плажа, излегував со нив навечер на прошетка – се присети дадијарката на Џиновиќ, а потоа додаде:

– Го видов Харис само неколку пати, тој секогаш правеше по некоја шега и постојано прашуваше дали децата ме слушаат и дали се е под контрола. Мелина имаше замерки за мојот стајлинг, па неколкупати ми понуди да ме однесе во шопинг и да ми купи некоја „нормална“ облека, на што секако не се согласив бидејќи по цел ден трчав со децата и сакав да бидам лежерно облечена.

Дадилката на Џиновиќ откри и дека Мелина наводно имала посебни барања од неа, поради што дури и размислувала да си даде отказ.

– Не сакаше да ја носи својата гардероба во перална, туку ме принуди сама да ѝ ги перам работите, вклучувајќи гаќи и комплети долна облека и мислам дека тоа е моментот кога почнав да размислувам да се откажам. Ме бараше за се и сешто, и тогаш сфатив дека не и треба само бебиситерка, туку лична асистентка и некој кој буквално ќе ја услужува кога ќе посака – изјави дадилката на Џиновиќ за „Ало!“ и додаде дека Мелина не е галантен работодавец.

– Пред да заминеме за Црна Гора, Мелина неколкупати ми нагласи дека, без разлика на роаминг, телефонот мора да ми биде секогаш достапен, но со ветување дека ќе ја плати телефонската сметка. Кога се вративме во Белград, таа само ми рече: „Немам ништо со тоа“, па речиси третина од месечната плата ја потрошив на мобилниот телефон. Поради се решив да ја прекинам соработката со нив – изјавила поранешната дадијарка на Џина и Кан Џиновиќ за српски Ало!“.

 

Слични објави

Кралот Чарл е „премногу зафатен“ за да се сретне со синот Хари: Принцот пристигнува во Лондон

еспресо

Харис Џиновиќ откри дали има нова девојка: Чаршиските муабети се сè погласни!

Еспресо

Сергеј Трифуновиќ по последното апсење: Ова ме смени, сега сум повоспитан

Еспресо

Данијела Мартиновиќ проговори за здравствените проблеми: „Морам да се носам со “

Еспресо

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ по разводот на родителите донел неочекувана одлука, пејачката веднаш се огласи

Еспресо

Стоја потрошила 100.000 евра за операции и била во вештачка кома 9 и пол часа: Го променив личниот опис, но луѓето не ме прифатија

jasmina.kantardzieva
Се вчитува....