16:49 - 31 март, 2026

Црниот шешир од хитот „Billie Jean“ на Мајкл Џексон на аукција во Париз

Пред првпат да го изведе својот познат танц „Мунвок“, Мајкл Џексон го фрли својот црн шешир на сцената. И, 40 години подоцна, тој се најде на аукција во Париз, Франција.

Организаторот Артур Перо од галеријата „Артпеж“ вели дека цените за предметите на Џексон во последно време паѓаат поради присуството на фалсификати и обвинувањата против него. Наддавањето ќе се одржи во хотелот „Друо“ на 26 септември. Црната капа-федора се очекува да достигне цена меѓу 60.000 и 100.000 евра.

Џексон долго време е обвинуван за злоупотреба на деца, што неговите наследници сè уште го оспоруваат и што пејачот го одрекуваше сѐ до својата смрт во 2009 година.

„Кралот на попот“ ја носеше капата при појавувањето на сцената со својот хит „Billie Jean“ на телевизискиот концерт во Мотаун во 1983 година, на врвот на неговата слава. Неколку мигови подоцна, Џексон го покажа она што ќе стане негов заштитен знак – танцот во вид на „одење по месечината“ – навидум лесно лизгање наназад додека изгледа како да оди напред.

– Човек по име Адам Кели ја зел капата, мислејќи дека луѓето на пејачот ќе дојдат по неа да ја соберат, но тие не го направиле тоа, изјави Перо.

Наоѓачот ја чувал шапката неколку години, па таа мина низ рацете на неколку приватни колекционери, пред да стигне во Париз.

Слични објави

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.
Се вчитува....