5.8 C
Скопје
06:55 - 1 април, 2026

Цеца се огласи после итната евакуација од снимањето на новогодишната програма: „Сум преживеала и полоши бомби“

Светлана Цеца Ражнатовиќ денеска мораше да го напушти снимањето на новогодишната програма поради дојава за бомба!

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ била на снимање на новогодишната програма во студиото на РТС на Кошутњак кога било пријавено дека во зградата има експлозивна направа, поради што е направена итна евакуација.

По драмата на снимањето на новогодишната програма, се огласи Цеца.

„Апсолутно не бев вознемирена. Многу полоши бомби ние преживеавме за сега некои лудаци, манјаци, психопати да не плашат. Ај што плашат возрасни луѓе, тоа е језиво, но ова што се случува по училишата, тоа е апсолутно неприфатливо и треба да биде најстрого санкционирано. Што се однесува до мене, баш ми е гајле“, рекла Цеца за српските медиуми.

Цеца по итната реакција на надлежните органи се вратила на снимањето на новогодишната програма. Да потсетиме, во Кошутњак, во зградата на РТС, беше пријавено дека има експлозивни направи, што предизвикало евакуација на зградата. Во моментот на пријавата во зградата била Цеца Ражнатовиќ која заедно со присутните ја напуштила зградата. Констракта пак, која пристигнала подоцна на снимање, дошла по смирувањето на ситуацијата, и рече дека не била информирана за сите детали околу дојавата за бомба, пренесува српска Република.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....