13.8 C
Скопје
15:22 - 28 февруари, 2026

ЦЕЦА РАЖНАТОВИЌ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА: За партнерот, каде за Нова Година, за загубите…

светлана цеца ражнатовиќ

Светлана Цеца Ражнатовиќ проговори за тоа како ќе ја помине новогодишната ноќ оваа година, за патувањата кои ја очекуваат на почетокот на следната година, за односот со нејзиниот партнер Богдан Срејовиќ, но и за болните загуби на колеги и пријатели оваа 2021 година.

ЦЕЦА ОТКРИ ДАЛИ ЌЕ СТАПНУВА НА ЛУДИОТ КАМЕН: Одговорот ќе ве изненади

Пејачката во емисијата „Ексклузив“ вели дека Новата година ќе ја дочека со семејството.

„Оваа Нова година нема да ја дочекам со мојата публика, туку со семејството, што исто така е преубаво. Знам само дека добро ќе се опуштам, ќе се напијам некоја пијачка и ќе уживам во новогодишната програма, на кој му се спие нека спие“, изјави Цеца откривајќи ги плановите за патувања во 2022 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

„Има простор во јануари и февруари да отпатуваме малку и да се одмориме. Декември е секогаш пребукиран. Многу повеќе сакам да уживам покрај море, но понекогаш немам можност да поминувам толку време, овде ми годат некои поблиски дестинации како Златибор и Копаоник“, вели Ражнатовиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Српската ѕвезда прозборе и за болните загуби на блиски пријатели, колеги и соработници со кои се соочила оваа година.

„Последните две години беа турбулентни за сите нас и имаше огромни осцилации. На луѓето им се случуваа убави работи, но и многу тажни. Нè напуштија неколку мои колеги и тоа беа непријатни изненадувања за сите нас. Многу луѓе што ги познавав починаа од коронавирусот и едвај чекам да помине ова лудило. Се надевам дека тоа ќе се случи наскоро, навистина е доста“, вели Цеца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Пејачката проговори за врската со Богдан, за скапоцениот прстен и за наводната свршувачка.

„Тоа се глупости, јас и Богдан воопшто не размислуваме за такви работи. Уживаме во нашата врска и само тоа имам да кажам“, истакна Цеца.

 

Слични објави

(Фото) Ќерката на Чолиќ ја напушти Србија откако беше фрлена бомба врз нивниот дом: Еве што прави Лара на патувањето

Еспресо

(Видео) Ана Николиќ се сврши: Рале ја запроси облечен во гаќи

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ во топлес издание, ќерката на Харис позираше провокативно во црна танга

Еспресо

Хороскоп за 28 февруари: Биковите треба да ги изразат чувствата, Скорпиите ги очекува добар ден за комуникација

Еспресо

Гога Секулиќ во тага за својот роденден: Пејачката се огласи, еве што порача

Еспресо

(Видео) Ава Керш се отвори за бракот со Пепи Бафтировски: Тоа беше авантура

Еспресо
Се вчитува....