5.8 C
Скопје
01:52 - 1 април, 2026

Цеца Ражнатовиќ го советува Пикси за тактика: „Проблем е средниот ред“

Цеца Ражнатовиќ ја бодреше српската репрезентација на Европското фудбалско првенство.

За српските „орли“ Европското првенство заврши на 25 јуни, кога не успеаја да ја совладаат репрезентацијата на Данска и да се пласираат во следната фаза од натпреварувањето.

Голема поддршка за српската репрезентација даваше фолк-дивата Цеца Ражановиќ која со ќерката Анастасија го бодреше Немања Гудељ, како и останатите фудбалери.

За време на престојот во Германија, Цеца се присети на времето кога го водеше фудбалскиот клуб „Обилиќ“ и го советуваше за тактика српскиот тренер Драган Стојковиќ Пикси.

„Имам и некое претходно искуство, се разбирам во фудбал, водев и фудбалски клуб. Тие работи никогаш не се забораваат, фудбалот е најголема зараза која постои. Додека го водев фудбалот ја запоставив и својата кариера, зашто тоа е страст“, рече Цеца за српски Блиц и додаде дека не само искуството туку и среќата е клучна.

– Свесни сме дека Митровиќ и Влаховиќ не можат да играат во пар, за жал двајца одлични играчи, мислам дека имаме проблем со средниот ред. Имаме одбрана која изгина на сите овие натпревари, проблемот е средниот ред. Мој совет до него е да се занимава со средниот ред и во зависност од тимот, со некои тимови треба да играш на контра, со други офанзивно. Кога е офанзивно, ставаш офанзивни играчи, кога е поопасна екипа, треба малку да се затвориш, да чекаш од контра за да постигнеш гол. Но, јас не сум тренер, јас сум пејачка и многу успешно си ја работам работата, но ние сме Срби и сите сакаме да бидеме тренери, вели Цеца.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....