5.8 C
Скопје
07:30 - 1 април, 2026

(Видео) Цеца Ражнатовиќ емотивно на премиерата на „Недела“: „Не плачам, знам дека Џеј е меѓу ангелите“

Вчеравечер во Белград се случуваше премиера на филмот „Недела“ кој е заснован на животот на Џеј Рамадановски. По тој повод во салата на МТС се собраа многу познати личности меѓу кои и пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ со нејзината ќерка Анастасија Ражнатовиќ.

Цеца пред самиот почеток на филмот си ја отвори душата за покојниот Џеј, бидејќи е познато дека биле одлични пријатели и дека поминале многу време заедно.

„Пред се се радувам што ова се случува, што филмот е завршен, очекувам дека ќе биде многу емотивно, тој има емотивна животна приказна. По се најдобро го паметам. Не плачам, знам дека е меѓу ангелите, и мене ме врзуваат за него најубави емоции“, вели Цеца, пренесува српска Република.

Цеца додава:

„Што се однесува до Белград, јас на крајот на 70-те ја почнував кариерата. Со татко ми пеш минувавме улици, што денес не би смеела“.

Светлана Ражнатовиќ ја отпеа песната „За крај“, која е снимена за потребите на филмот „Недеља“, а текстот го напиша покојната Марина Туцаковиќ, додека музиката и аранжманот ги направи Фута Радуловиќ.

– Старите емоции се вратија кога Марина, Фута и јас работевме заедно во студио. Тој одреден период кога до доцна наутро знаевме дека седиме во нивниот стан во Врачар и да слушаме разни нумери напишани од Марина, а компонирани од Фута. Тоа беа некои безгрижни времиња, кога имавме толку многу квалитетни и добри песни што немаше простор сите да ги ставиме на еден албум, па ги остававме за следните – низ солзи изјави Цеца неодамна за Република.

(Видео) Цеца и Анастасија го „украдоа шоуто“ на премиерата на филмот „Недеља“: В очи паѓа скапата бунда на Анастасија

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....