7.8 C
Скопје
03:18 - 30 март, 2026

Цеца Ражнатовиќ доби коментар дека е премногу слаба, па веднаш реагираше ово свој стил

Цеца Ражнатовиќ се појави на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ во впечатлив стајлинг кој привлече бројни коментари. На социјалните мрежи многумина ја коментираа нејзината тежина, а таа им одговори во свој препознатлив, духовит стил, пренесува „Блиц“.

Цеца денес дојде на снимањето облечена во мрежести чорапи, мини здолниште и чизми до колена, а многумина беа воодушевени од нејзиниот изглед. Меѓу морето комплименти се издвои и еден коментар на кој таа веднаш реагираше.

Ражнатовиќ имаше брутално добар стајлинг, а фотографијата направена пред денешното снимање веднаш ја сподели со своите следбеници на Инстаграм. Колешките ѝ оставија срциња под објавата, а Андреана Чекиќ напиша дека изгледа „како девојче“.

Цеца одговори на коментарите дека е премногу слаба

На еден од коментарите, балканската ѕвезда веднаш возврати:

– На народот никогаш не може да му се угоди – напиша таа.

Потоа друга личност се надоврза со коментарот: „Барем 5 – 6 килограми“.

Пејачката тука стави точка на дискусијата, бидејќи со една реченица кажа сè што требаше да знаат оние што коментираат туѓ изглед.

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....