02:30 - 5 ноември, 2026

Човек со 100 таленти: Познатите се збогуваат од Цирко

Познатите се збогуваат со Рамуш Муарем – Цирко, новинар, уредник, актер и еден од најгласните активисти за правата на Ромите.

Цирко, кој беше омилен на многумина, почина вчера на 64-годишна возраст, по долго боледување.

„Со голема тага ја примив веста за заминувањето на Рамуш Муаремов – Цирко.

Човек со големо срце, искрен пријател и личност што остава трага каде и да помине. Неговата насмевка, енергија и добрина ќе останат засекогаш во сеќавањата на сите што имаа чест да го познаваат. Во овие тешки моменти, моето најдлабоко сочувство до неговото семејство, роднините и пријателите. Нека најдат сила да ја издржат оваа голема загуба. Почивај во мир, Цирко. Никогаш нема да бидеш заборавен“, напиша Симеон Атанасов, синот на Есма Реџепова и Стево Теодосиевски.

„И Цирко нѐ напушти… Нека почива во мир големиот новинар, водител, актер и човек со 1000 таленти. Му благодарам за сета инспирација низ годините и за сите муабети за ска-музиката, медиумите, Барса… Сѐ си мислам, како да нѐ гледа од некаде ни фаќа сеир и насмеан вика: „А, бе брат, ја и Тито на овој ден. Тие сме…“ Вечна слава! Вечен спомен!“, напиша Петар Младеновски, познат како Пеце од „Суперхикс“.

„Кога се појави како натпреварувач во квизот кој го водев, си реков: каква чест да го имаме Цирко. Сѐ уште го мислам истото, беше чест што те имавме во нашето време… Со сета твоја непосредност и твојот хумор… Збогум, Цирко…“, напиша Снеже Велков.

Слични објави

Дали сте во врска во која полека се губите себеси? Овие 8 знаци откриваат дека љубовта ве исцрпува

К.С.

(Фото) Сара Јо позираше во провокативно модно издание – црниот фустан од тантела ја истакна нејзината витка фигура

Еспресо

Може да јаде во најскапите ресторани, но вечера ајвар и црн леб: Емина Јаховиќ ја открива тајната на витката линија

Еспресо

(Видео) Спомен стар 30 години го изненади Коки Јанков — обожавателка зачувала тетратка посветена на „Дуле и Коки“

К.С.

(Фото) И сестрата на Мелина се омажила за богаташ: Емина живее во луксуз во Турција, ретко се појавува во јавноста, а еве како изгледа

Еспресо

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо
Се вчитува....