4.8 C
Скопје
02:42 - 15 ноември, 2024

Четири смртти му го обележаа животот на Бора Чорба: Никогаш не се операви од болните загуби

Бора Ѓорѓевиќ стекна голема слава во текот на својот 72 годишен живот, остави неизбришлива трага во срцата на многу генерации. Почина по белодробна болест во клиничко-болничкиот центар во Љубљана по неколкудневна борба на респиратор.

Животот на прочуениот рокер го одбележаа подеми и падови, но и четири големи трагедии кои тој знаеше, понекгаш, да ги спомне.

Првата од четирите трагедии се случи во 1982 година, кога 14-годишното девојче, Жељка Марјановиќ, почина од епилептичен напад на концертот на „Рибља чорба“ во Ледената сала во Загреб. Целиот настан ја разбранува јавноста, а Бора тешко се справи со смртта која се случи на неговиот концерт. Таа турнеја се викаше „Кој ќе преживее, ќе раскажува“, па судбината реши да вмеша рака во тој случај. Во тоа време, Момчило Бајагиќ Бајага беше член на „Рибља чорба“. Зборуваше за несреќата, а од неа ниту тој ниту другите членови не се опоравија долго време.

Салите во кои свиреа често беа полни, секогаш се бараше билет повеќе. Во еден момент девојката добила напад среде толпата и се задушила:

-Тоа беше страшно, такво нешто никогаш не ни се случило. „Чорба“ беше исклучително популарна и продаде двојно повеќе билети отколку што можеше да собере салата. По тој настан организаторите беа кривично гонети, а нашата турнеја беше прекината на еден месец. Не свиревме, бидејќи родителите не ги пуштаа децата да одат на нашите концерти. Меѓутоа, по смртта на девојчето многу повеќе се внимаваше на безбедноста, па ни нам ни на некој друг не ни се случило такво нешто потоа- своевремено објасни Бајага, и тогаш сè уште потресен од страшната трагедија.

Успеале да продадат билети повеќе од најавеното. Од 9.000 организаторот споменал бројка од 10.500, а на концертот се собрале меѓу 18 и 20.000 луѓе во публиката.

– Без разлика што тоа никој не го бараше од нас, ние бевме хумано подготвени да ја преземеме одговорноста за смртта на Жељка Марјановиќ, која во тоа време само сакаше да биде дел од нашата публика, и ништо повеќе. За жал, тоа не ѝ се оствари. Поради нечија груба негрижа и голема неодговорност згасна животот на едно дете кое штотуку почнало да живее. И после толку години, не можам да заборавам или да се оттргнам од помислата дека Жељка почина токму на нашиот концерт, додека ние бевме на сцена – свиревме – напиша Миша Алексиќ во својата книга „Во живо!: Автобиографија“, легендарниот басист на „Рибља чорба“ кој почина во ноември 2020 година на 67-годишна возраст како последица на коронавирусот.

Голем музичар кој отсекогаш бил со Бора во музичкиот свет беше гитаристот Радислав Рајко Којиќ, со чија смрт Бора не можеше да се помири. Токму со Којиќ, Миша Алексиќ и Вичко Милатовиќ од бендот SOS, Бора Ѓорѓевиќ, по заминувањето од Рани Мраз, ја основа Рибља Чорба.

Се прославија заедно со големиот хит „Кукла од насловната страница“, а Рајко Којиќ сними пет студиски албуми и еден албум во живо со Рибља чорба додека не го напушти бендот во 1984 година. Таа година, Бора свикал состанок со членовите на Рибља Чорба во една белградска кафана и објавил дека Рајко и Момчило Бајагиќ Бајага, кои во меѓувреме ѝ се придружиле на Рибља чорба, мора да го напуштат бендот. Рајко со години имал проблем со дрогата, па Бора и останатите членови чувствувале дека повеќе не може да се справи со тоа.

Дрогата беше голем проблем со кој Којиќ не можеше да се справи. Настапувал уште неколку пати, а потоа се пензионирал во родното село Јарковац. Починал во Белград во 1997 година, причината е јасна, имал само 41 година. Бора не бил подготвен да ја слушне веста за смртта на својот пријател и многу тешко ја поднесол.

Ни тука не е крајот, животот му зададе нов удар на рокерот во 2007 година. Се самоуби неговата прва сопруга Драгана, големата љубов од средното училиште. Бора ѝ посвети многубројни песни од бендот и таа му беше голема инспирација. Тие се разведоа на 12 февруари 2007 година, а Драгана не можеше да го поднесе разводот. Како што пишуваа српските медиуми, причина за разводот била новата љубов на пејачот, 28 години помладата Александра, која ја запознал на турнеја во Америка, а подоцна ја однел и пред олтар.

По разводот со Драгана, Бора се иселил од заедничкиот стан. Драгана била на концертот на „Рибља чорба“ на 10 март 2007 година во белградска Арена, а само 13 дена подоцна била пронајдена мртва во нејзиниот стан. Причината за нејзината смрт било предозирање со антидепресиви помешани со алкохол, а Бора никогаш не сакал да зборува за овој непријатен настан. Како спомен на Драгана, му остана нивниот заеднички син Борис, кој никогаш не се експонирал јавно.

Четвртата смрт што го погоди легендарниот рокер е смртта на басистот на Рибља чорба, Мирослав Миша Алексиќ, на 29 ноември 2020 година, со кого Ѓорѓевиќ порасна и стана рок ѕвезда. Навикнал, како што зборуваше Бора, Миша секогаш да биде на левата страна на бината и да го гледа неговото насмеано лице, како што тоа го правеше 43 години.

Бора истакна дека нема да му прости што умрел пред него:

– Не можам да зборувам за тоа, тоа е толку потресно Миша да си замине за десет дена. Се договоривме двајцата да умреме заедно на сцената, но тој порани, ме изневери. Верувам дека и тој би сакал да продолжиме да работиме – изјави Ѓорѓевиќ длабоко потресен од смртта на Алексиќ.

Толку му беше тешко за оваа смрт, што истакна дека без него нема никогаш да биде исто.

– Мојот брат Миша беше движечката сила на бендот и не знам како без него – изјави рокерот, а потоа со болка призна:

– Тоа е удар од кој не се опоравува!

Ведрана Рудан се прости од Бора Чорба со колумна: „Бора е дел од мојата душа онака како што никогаш нема да бидат луѓето што ги познавам од раѓање“

Слични објави

Кеба е шокиран: Ќерката на фолкерот се враќа во Србија после 16 години и ќе објави нова песна

Еспресо

Јована Јеремиќ проговори за бременоста: Водителката откри како ќе ѝ се вика синот!

Еспресо

Драгана Мирковиќ се огласи за „кавгата“ со Цеца: „Така треба да се однесуваат колешки меѓу себе!“

Еспресо

Саша Матиќ е мета на измамници: Во сѐ е вмешан и неговиот брат Дејан Матиќ, а спомна и тужба

Еспресо

Снаата на Новак Ѓоковиќ физички нападнала и навредувала стјуардеса: „Грда си, не знам кој те вработил!“

Еспресо

Марија Шерифовиќ објави слика со својот син: Пејачката го прослави својот 40-ти роденден

Еспресо
Се вчитува....