5.8 C
Скопје
05:36 - 1 април, 2026

Чарлс III не планира раскошна прослава во чест на неговиот 74-ти роденден

Чарлс III за прв пат го прославува својот роденден како крал.

Кралот Чарлс III од Велика Британија го слави својот прв роденден како монарх. Информации за прославата на 74-от роденден на кралот објавува Би-Би-Си.

На 14 ноември, британскиот крал Чарлс III полни 74 години. Ова е првиот роденден на новиот монарх, кој го слави на тронот. Според Би-Би-Си, кралот Чарлс Трети не планира раскошна прослава: во оваа прилика не се планирани официјални настани, а монархот роденденот ќе го помине во кругот на најблиските членови на семејството. Се известува и дека денеска во Лондон ќе биде организиран артилериски поздрав во чест на Чарлс III, а за време на смената на стражата во Бакингемската палата, коњаничката група ќе свири Happy Birthday.

Според традицијата, британските монарси го слават својот роденден двапати годишно – на самиот датум со семејството и голема прослава во средината на јуни. Во моментов не е познато дали Чарлс III ќе ја продолжи оваа традиција, бидејќи се уште нема официјални изјави од палатата.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....