8.8 C
Скопје
11:11 - 1 април, 2026

Бурна реакција на Касиљас по објавата дека е во врска со Шакира

Медиумите во Шпанија шушкаат за наводната врска на познатиот голман Икер Касиљас и пејачката Шакира, поранешна девојка на фудбалерот на Барселона Жерар Пике.

Поранешниот капитен на Реал неодамна се разведе од познатата шпанска водителка Сара Карбонеро.

По низата објави во медиумите, Касиљас бурно реагираше на ваквите тврдења и на Инстаграм напиша: „Tocate las narices… Tocate las narices (допри го носот)…“. Ова е навредлив термин кој се користи во шпанскиот јазик за да се изрази незадоволство, а во конкретниов случај Касиљас го употребил да покаже колку е бесен поради овие наводи.

Икер Касиљас и Сара Карбонеро имаат две деца и беа во брак пет години, додека Шакира и Жерар Пике во текот на 12-годишната врска ги добија двата сина,  деветгодишниот Милан и Саша кој има седум години.

View this post on Instagram

A post shared by Shakira (@shakira)

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....