6.8 C
Скопје
08:01 - 20 октомври, 2026

Бурек на денот: Еве зошто гравитираме накај Тафталиџе

Тафталиџани го сметаат за крал на скопските буреци. Но не само тие – околу оваа скопска бурекџилница гравитираат сите оние кои сакаат да си каснат сочно парче бурек, особено младите, без разлика од кој дел на градот доаѓаат.

Ја посетивме и ние, и ич не зажаливме што „протепавме“ пат до таму. „Оки“ се наоѓа на самиот пазар во Тафталиџе, а бурекот може да го начекате секој ден помеѓу 7 и 15 часот, но што порано – тоа подобро.

Тука бурекот – со крцкави кори – е издигнат на друго ниво. Затоа, ако сте расположени за балканско-кулинарска авантура, ова „дуќанче“ нема да ве разочара.

Маана? Што не работат 24 часа, односно после полноќ. Да работеа, Скопје ќе имаше уште една популарна дестинација за младите кои се мислат каде да „тераат“ после излегување, секако, на доцна вечера или на ран појадок.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....