18:42 - 17 мај, 2026

Брутално претепан хрватска музичар на божиќна прослава во Загреб: Гостите се качувале на маса и се соблекувале голи!

Божиќната прослава на членовите на ЗЕТ – јавен превоз во Загреб се претворила во раскалашена журка, со соблекување голи на маса, но и со претепување на клавијатуристот на хрватскиот бенд „Џој“ Дамир Риѓан (50). Ситуацијата излегла од контрола, а видеото од прославата се прошири на социјалните мрежи.

Дамир Риѓан по овој повод се огласил за хрватските медиуми.

– Имам потрес на мозокот, скршени ребра, вилица, конци. Ме нападнаа 15-20 луѓе. Поминав два дена во итната помош, сега сум на домашно лекување. Закрепнувањето ќе трае еден месец. Сите договорени настапи ми пропаднаа. Бендот продолжува да свири, но јас не – рекол Риѓан, основачот на групата „Џој“ со која својата кариера ја започна и хрватската пејачка Маја Шупут.

Тој со Маја Шупут сè уште не се слушнал, но добил многу пораки за поддршка преку социјалните мрежи.

Поради истрагата што е во тек, музичарот не можел да даде повеќе информации за самиот инцидент.

Божиќниот прием на членовите на ЗЕТ – јавен превоз во Загреб, се одржал на 19 декември. Тоа требало да биде празнична прослава за 460 гости, но работите брзо излегле од контрола. Приемот се претворил во дива забава со танцување на маса, а потоа и со брутален физички напад врз член на бендот. Снимките од приемот се прошириле на социјалните мрежи. На видеото се гледа како гостин се качува на маса, ги спушта панталоните и танцува гол додека дел од насобраните го бодри.

За сето тоа на Инстаграм се огласил и пејачот на групата Џој Ален Бичевиќ.

„Драги наши,

во продолжение во врска со објавите на порталите, со ова можеме да потврдиме дека на приемот на Синдикатот на вработените во ЗЕТ, нашиот член на бендот се здоби со тешки телесни повреди поради дивјачкиот напад од страна на неколку лица кои присуствуваа на споменатиот прием и во моментот се опоравува дома откако беше отпуштен од болница. Не сме во можност да коментираме за понатамошните детали за овој варварски чин од страна на поединци, со оглед на тоа што истрагата е во тек и тоа би ја нарушило нејзината тајност, но секако се надеваме дека вработените во МУП ќе сторат сè што е можно за да ги казнат одговорните. Ви благодариме на сите за многубројните повици и пораките за поддршка“, се вели во соопштението.

Организаторот на настанот, Синдикатот на автобускиот и трамвајскиот сообраќај Хрватска – Загреб, издал официјално соопштение на 20 декември.

– Синдикатот на автобускиот и трамвајскиот сообраќај Хрватска – Загреб се оградува од дејствијата и постапките на поединци. На настан на кој присуствуваат 460 членови на синдикатот, тешко е секој да се држи и да се предвиди што ќе направи некој во даден момент. Едно е сигурно, а тоа е дека учесниците на овој настан ќе бидат исклучени од членство во синдикатот. Некои работи не можат и нема да се толерираат – се вели во соопштението.

Слични објави

(Видео) Рејчел Мекадамс уживаше во кафуле во Белград — што бара актерката во Србија?

Еспресо

(Видео) Ја прашаа Дара дали знае која е Дара Бубамара, нејзиниот одговор ќе ве насмее

Еспресо

Мажите „полудеа“ по Дара, но нејзиното срце го освои ценет доктор — ова е сопругот на евровизиската победничка!

Еспресо

Бугарката Дара неодамна ја испеа „Лане моје“ со Жељко Јоксимовиќ, вчера тој прв ѝ честиташе

Еспресо

Која е Дара — бугарската пејачка што ја освои Евровизија 2026?

Еспресо

Хороскоп за 17 мај: Биковите ќе имаат несогласувања со партнерот, Девиците ќе имаат предизвици на работа

Еспресо
Се вчитува....