14:22 - 27 ноември, 2026

Брутални фотографии од сауна: „Моделот на Бугарија“ ја „крена температурата“ во центарот на Софија

Атрактивната носителка на титулата „Модел на Бугарија“, Мараја Владимирова, беше уловена од екипата на „Телеграф“ во навистина жешко издание, пренесува „Хот Арена“.

Убавицата била затекната целосно гола во луксузен СПА-центар во срцето на Софија, без грижа дека околу неа има и други гости.

Цеосно опуштена Мараја влегла во сауната и веднаш го соблекла горниот дел, откривајќи ги своите  облини. Седнала на клупата како да е сама во просторијата. Глетката била премногу за еден пар кој бил внатре, тие набрзина ја напуштиле сауната и се префрлиле во соседна просторија.

Голата убавица за кратко време станала главна атракција. Неколку минути подоцна, група млади момци почнале да кружат околу сауната и срамежливо да ѕиркаат, но никој немал храброст да влезе внатре. Свесна за метежот надвор, Мараја мирно стоела со грб свртена, без да се облече. Горниот дел го ставила дури кога решила да ја напушти сауната, полека и демонстративно.

По жешката сауна, се разладила под ладен туш, а потоа се упатила кон базенот.

Таму си нарачала топол чај, ставила слушалки и се препуштила на целосна релаксација, како ништо необично да не се случило.

Мараја Владимирова ја освои титулата „Модел на Бугарија“ во септември, а на крајот од годината ја претставуваше земјата во Кореја, каде учествуваше на светското финале на изборот „Модел на универзумот“. Очигледно, убавицата знае како да привлече внимание, не само на модната писта, туку и далеку од неа.

Слични објави

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.
Се вчитува....