16:36 - 1 април, 2026

Брук Шилдс откри дека ја изгубила невиноста од ѕвездата на „Супермен“: „Гола истрчав од собата и само плачев“

Актерката Брук Шилдс, позната по улогата во филмот „Сина лагуна“, раскажа како ја изгубила невиноста со ѕвездата на „Супермен“ Дин Кејн кога имала 22 години. За ова случка раскажала во нејзиниот документарец, пренесува Мирор.

Брук Шилдс призна дека нејзиниот прв маж во животот со кого спиела бил актерот Дин Кејн, познат по улогата на Кларк Кент во американската телевизиска серија „Лоис и Кларк: Новите авантури на Супермен“. Тие се запознале додека студирале на Универзитетот Принстон.

„Кога конечно имавме секс, веднаш истрчав од собата и гола истрчав по ходникот. Само истрчав, не знам каде. Тој истрча по мене со ќебе, ме грабна и ми рече: „Каде одиш? Нема да одам никаде, нема да те оставам, ти си истата жена“. Тој веднаш сфати се, а јас само плачев“, се присети Брук Шилдс.

Брук Шилдс неодамна проговори и за силувањето што го доживеала на 20 годишна возраст.

„Ми требаше долго време да го обработам во себе. Сега сум уште побесна отколку тогаш. Ако се плашите, се плашите со причина. Ова се страшни ситуации“, изјави неодамна актерката во интервју за „Пипл“. Имено, Брук претходно во документарниот филм „Pretty Baby: Brooke Shields“ откри дека била силувана како млада холивудска актерка.

Документарниот филм за актерката излезе завчера, на 3 април.

Слични објави

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо
Се вчитува....