04:39 - 10 ноември, 2026

Бритни Спирс ја прекина врската со мајка ѝ: „Ќе легнам под дрво за да го потсетам моето семејство дека сум божиќен подарок“

Додека најважните веб-портали во светот известуваат дека Бритни е можна протагонистка на Супер Боул, за големо враќање на музичката сцена, Бритни Спирс пак, повторно враќа во центарот на озборувањата за конфликтните односи со мајка ѝ, Лин Спирс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)


Сега е познато дека поп-принцезата го најави крајот на таканаречената конзерваторска служба, правна институција која од 2008 година до ноември минатата 2021 година ја осудуваше дека не може да дејствува во свое име и за која беше обврзана по волја на старателите, вклучувајќи го и нејзиниот татко Џејми Спирс. Оваа правна заштита на неодамнешното судско рочиште Бритни ја дефинираше како „насилната заштита“ на нејзината слобода и нејзиниот имот, со соучесништво на нејзиното семејство.

Така најавуваќи го и крајот на релацијата со родителите, Бритни смета дека тие веќе „не ѝ се крв“, и сосема се одвои од семејството особено по бракот со Сем Асгари. На свадбата инаку, таа не повика никој од нејзиното семејство.

Дури и преку социјалните мрежи, протекоа некои љубопитни импликации за Бритни и односите со семејството. Очигледно уметницата  ги отфрла пораките што ѝ ги пренесува (преку медиумите) мајка ѝ, што е знак дека врската помеѓу мајката и ќерката дефинитивно не е повеќе она што беше, и покрај тоа што во минатото двете жени изгледаа неразделно.

И повторно на социјалните мрежи можеше да се види тензијата меѓу двете, преку она што изгледаше како очајнички обид на Лин Спирс, повторно да се смири со Бритни Спирс, но не успеа во тоа.

„Ќе одам и ќе легнам под дрвото за да го потсетам моето семејство дека сум подарок. Дали се сеќавате на Божиќ? Еве не заборавајте“, е пораката што пејачката ја објави преку Инстаграм, а потоа следеше одговор од мајката: „Ти беше првото дете од моите три деца. Секогаш те гледавме како скапоцен подарок. Тетка Сандра толку многу сакаше едно девојченце. Потоа дојде Лора Лин. Јас и сестра ми бевме многу среќни што те имаме и понекогаш двете бевте во исто креветче. Ти си и секогаш ќе бидеш мојот голем подарок “.

Коментарот на мајката, сепак, до денес не доби никакво внимание од Бритни.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....