13:49 - 1 април, 2026

Брена откри зошто плачела на концертот на Прија: „Има две причини зошто мајките плачат“

Лепа Брена ги сумираше своите впечатоци од белградскиот спектакл на Александра Пријовиќ, која не престанува да руши рекорди и да распродава концерти низ регионот.

Имено, Лепа Брена на аеродром ја пречека нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ, а таа сега откри што си посакала за роденденот што неодамна го прослави и прозборува за двете причини зошто плачела на концертот на Александра Пријовиќ.

– Си посакав на себе да биде вака и да трае, човек да се чувствува добро, да се биде во фит форма, децата да напредуваат и растат, да имаме што повеќе внуци, Александра да одржи два милиони концерти и да ги нервира уште повеќе  – рече пејачката.

Брена потоа ја откри тајната на нејзините солзи на концертот на Прија.

– Постојат две причини зошто мајките плачат. Првата е дека секоја мајка е среќна што нејзината ќерка се омажила и што сега влегува во нова, многу убава фаза од животот. Друга причина зошто мајките плачат е кога размислувам што се фо чека тоа мое дете, веднаш ми се плаче, затоа плачев на концертот. Тоа е многу емотивна приказна за мене и Александра и Филип работеа на неа навистина долго време. Таа е голем борец, топла, нежна жена и кога размислував што ќе доживее и колку еден успех може да ги иритира луѓето, а јас го поминав сето тоа, па можев да ѝ дадам совет. Кај нас нема голем број на луѓе кои постигнале голем успех и нема многу луѓе кои можат да траат 30 години – изјави за српските меиуми Лепа Брена.

Пејачката потоа се осврнала и на своите години.

– Мислам дека влегов во најубавото доба и дека после толку години навистина уживам, се работи убаво, нормално, убаво ни е, децата ни пораснаа – додаде Брена.

Слични објави

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....