04:54 - 11 ноември, 2026

Бред Пит и неговата девојка планираат бебе: „Нејзиниот часовник отчукува“

Таблоидот In Touch објави дека 60-годишниот Бред Пит и неговата љубовница, 34-годишната Инес де Рамон, размислуваат да добијат дете.

Извор прозборувал за новинарите дека актерот сака повторно да се чувствува како татко откако неговите и децата на Анџелина Џоли му го свртеле грбот поради разводот од нивната мајка.

„Врската на Бред и Инес стана навистина сериозна: таа се пресели кај него и тие разговараат за можноста да имаат бебе. Тоа би можело да шокира некои, но блиските не би биле изненадени ако таа е веќе бремена“, изјави инсајдерот.

„Инес е на вистинската возраст, нејзиниот биолошки часовник отчукува. Бред е во подобра форма од повеќето мажи на негова возраст. Тие се посветени еден на друг и навистина заљубени, поминувајќи го целото свое време заедно. Инес се чувствува како дома во куќата на Бред затскриениот француски имот, Шато Миравал (Пит и Џоли жестоко се бореа на суд за овој имот). – додаде инсајдерот.

Секако, нема официјална потврда на оваа информација, но озборувањата на оваа тема веќе ги заинтригираа многу медиуми.

Сега љубовниците живеат во две земји: Франција и САД. Во исто време, парот не брза да се венча. Неговата романса со дизајнерката на накит Инес де Рамон е првата сериозна врска на Бред Пит по неговиот развод со Анџелина Џоли во 2019 година. Парот долго време не се крие од папараците, а редовно се „уловени“ на средби и излегувања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goull Magazine (@goullmag)

Бред неодамна приреди забава во чест на неговиот 60-ти роденден, а меѓу гостите секако беше и Инес. Во исто време, парот одлучи да не брза за свадбата: како што велат упатените, тие сакаат да ја одржат врската „забавна и возбудлива“ што е можно подолго.

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....