5.8 C
Скопје
05:41 - 1 април, 2026

Бразилската манекенка Алесандра Амборзио лудо се забавуваше на концертот на Сека Алексиќ во Будва

Бразилската манекенка Алесандра Амбросио (41) летува во Црна Гора. Таа и нејзините пријатели присуствувале на концертот на Сека Алексиќ во дискотека во Будва.

Сите биле изненадени кога во клубот се појавила Алесандра, па дури и самата Сека.

„Алесандра престојува во Црна Гора со своите пријателки. Бидејќи го сака Балканот и енергијата на нашиот народ, таа изрази желба да излезе со пријателките. Тие ѝ предложиле да одат на настапот на Сека Алексиќ“, открил неименуван извор близок до пејачката, кој додал дека Алесандра е воодушевена од Сека и дека највеќе и се допаднала нејзината песна „Аспирин“.

„Алесандра беше воодушевена од енергијата на Сека, дури ја спореди со девојка од Бразил. Најмногу и се допадна песната „Аспирин“ и остана до крајот на настапот за да се запознаат.

Алесандра на своето стори на Инстаграм сподели и видеа од настапот на Сека.

„Ти благодарам Сека за прекрасно поминатото време во Црна Гора!“, напиша манекенката покрај нивната заедничка фотографија.

Алесандра летува во Будва, а престојувала во хотел со пет ѕвезди заедно со нејзините деца, 14-годишната Ања Луиз и четири години помладиот Ноа Феникс.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....