22.8 C
Скопје
10:23 - 20 септември, 2026

„Бракот не ни е близок на нас мажите“: Вака Милан Калиниќ проговори за врската со сопругата

Регионалните  медиуми со денови зборуваат за разводот на Сандра и Милан Калиниќ по 18 години брак, што шокираше многумина, со оглед на тоа што важеа за еден од најскладните парови од јавната сцена.

Иако се уште официјално не објавиле, приказните за нивниот развод се се погласни, а актерот наводно се иселил од семејната куќа по 18 години брак.

Како што пренесува српски Курир, никој не го очекуваше ова, со оглед на тоа што со години многу хармонично ја прикажуваа својата врска. Така Сандра еднаш се присети на нивните почетоци и објасни на што се заснова нивниот брак.

„Ние двајца прво бевме пријатели, потоа се забавувавме година и пол, по што решивме да се венчаме. Тој што вели дека немало тешки моменти во толку години брак, лаже, затоа што тоа не е можно. Двете страни мора да поминат многу“, изјави сопругата на Милан за „Стори“.

„Се разбира, жените се потолерантни, особено кога мажот има професија како мојот сопруг. Милан е постојано на мета, сака да дава комплименти и опкружен е со убави жени кои сакаат да бидат во негово друштво бидејќи е забавен и шармантен, изјави своевремено Сандра.

Милан пак, не така одамна вака го објасни својот брак со Сандра.

– Кога ќе го погледнете бракот од повеќе аспекти, доаѓате до заклучок дека тоа не е нешто што ни е блиско, особено на мажите. Да не беше така и, пред се, да немав другарка во Сандра, одамна ќе се вратев на „машката природа“. Од друга страна, ние сме суштества кои размислуваат, ние сме социјални, знаеме да ги доведеме во ред нашите инстинкти, па го правиме и она што е спротивно на нашите исконски нагони. На почетокот, кога јас и Сандра се „дружевме“, не можев да знам каков човек е таа. Сега, кога поминаа многу години, среќен сум што покрај мене имам вистинска пријателка, одлична мајка на моите деца“.

Слични објави

(Фото) Анѓелка Прпиќ се стегна во хеланки – актерката го покажа своето фит тело

Еспресо

Ела Дворник ја доби судската битка — ќерките ќе живеат со неа во Загреб, се огласи и нејзината мајка Данијела

Е.А.

Хороскоп за 20 септември: Раковите ќе бидат подготвени за нови предизвици

Еспресо

Александра Пријовиќ вели дека го откажала концертот поради болест, а на социјалните мрежи веднаш се појавија разни теории

Ц.Т.

Тажниот крај на Маргита Стефановиќ Маги, „црната принцеза“ на ЕКВ

Т.Ц.

(Фото) Вистинска оаза и луксуз – вака изгледа вилата на Едита Арадиновиќ каде што ќе живее со својата ќерка

Еспресо
Се вчитува....